Гавазова и во петтата деценија изгледа фaтaлно во своите шик и ПPOВОКАТИВНИ изданија, а ова е доказ дека сите ја сакаат!
Убавата фолкерка има убав повод за славење.
Важи за една од најубавите и најзгодните пејачки на македонската фолк естрада, па освен со добар глас таа може да се пофали и со стас.
Сузана Гавазова во својата кариера многу пати го има променето имиџот, но според фановите сега изгледа подобро од било кога досега.
Фолк дивата има убав повод за славење, а честитки пристигнуваат од сите страни.
На нејзиниот инстаграм профил многу пријатели, но и нејзини колеги и го честитаа роденденот.
Нема сомнеж дека се подготвува забава со торта и нејзините најблиски.
Гавазова годинава сними неколку песни, па во интервју за „Женски магазин“ откри дека работно ќе ја започне и новата 2022 година, а за Божиќ ќе замине во Америка.
„Бадник и Рождеството на Исус Христос, ќе ги прославивме во Њу Џерси. За Божиќ, ќе им пеам на нашите луѓе во Америка и пресреќна сум што ќе ги видам после долго време и што ќе ја имам честа да ги израдувам и веселам со нашите убави македонски песни. А Новата година ќе ја пречекам во Скопје, во локал каде ќе пејам заедно со колегите Јоце Панов и Адил Максутовиќ“ открива Сузана за „Женски магазин“.
Таа вели дека ужива во празниците заедно со своите две ќерки и ужива да го декорира домот.
Најмногу пари троши на облека, но открива дека доколку не би била пејачка не би го правела тоа.
Во продолжение погледнете неколку модни изданиja од Гавазова: