Вучиќ во „Никогаш не е доцна“ настапи заедно со една од најзпознатите и најзгодните млади пејачки
Пејачот, композиторот и водителот Драган Вучиќ беше специјален гостин во популарното шоу „Никогаш не е доцна“.
Тој заедно со пејачката Александра Младеновиќ во дует ја отпеа песната „Благуњо дејче, мори пожаранче“.
Тој одговори и на неколку прашања на новинарката, а се присети и на другарувањето од пред 20-30 години со неговиот колега Жика Јаксиќ. Новинарката го праша и за неговиот син Мартин Вукиќ, а како и што одговори Вучиќ, како и неговиот настап, можете да ги погледнете во продолжение.
Инаку, и оваа емисија можевме да видиме дузина убави песни, животни приказни, односно продолженија на истите од првиот круг во емисијата, како и настапите на кандидатите со пријателите и семејствата.
Македонскиот композитор Драган Вучиќ беше дел од жирито заедно со Саша Милошевиќ Маре и убавата Александра Младеновиќ.
Инаку, Вучиќ е заслужен за голем број хитови меѓу кои и песната „Чија ли си чија прелепа Марија“, која пред многу години ја изведе токму Жика Јаксиќ со својот тогашен бенд „Ритам на срцето“, па во оваа емисија ќе слушнеме како звучи песната и на македонски, во својот изворен облик.