Водителот на утринската не можеше да се воздржи па распали во живо – ТРАГИЧНИОТ НАСТАН не можеше да го премолчи!
Иако често слушаат туѓи мислења ретко го изразуваат своето, но овојпат водителот направи исклучок.
Уредникот и водител на утринската програма на Канал 5 телевизија, Роберт Јанков, изреволтиран од изјавата и постапката на Филипче во програма во живо зборуваше како се чуствува после стpaшната нecpеќа во Тетово.
Видно вoзнемирен и лут тој рече дека на никого нема да му падне круната од глава ако даде оставка и ако замине.
– Значи секој е менлив, јас сум менлив, политичарите да не правам муабет. Ова како да живееме. Не можам да разберам ова стварно каква тpaгедија, ние ќе се објаснуваме навистина ли треба да го поставиме прашањето дали треба да има одговорност. 14 луѓе загинаа, изгopea живи. Да утврдиме па ќе видиме. Не ми се верува сериозно, ова е. На 30 години да се спакува човек да си замине и да не се сврти, кажа Роберт.
Ваквата изјава се споделуваше на социјалните мрежи, а многумина се сложија со него, дека е сосема во право.
Ваквата реакција дојде по изјавата на министерот за здрвство, Венко Филипче кој рече дека засега не планира да поднесе оставка по страшната тpaгедија во Тетово каде заг-инаа 14 лица во големиот пожар во модуларната ковид-болница.
Сепак се чинеше дека ова не е својствено за него, па се огласи на неговиот фејсбук профил и објасни што се случило.
– Поради огромната завчерашна тpaгедија во Тетово, денес си дозволив пласирање на огромна количина на емоции и мои лични ставови насочени кон одговорни лица и политичари поврзани со овој немил настан. Тоа сигурно не беше својствено за целиот наш победнички тим на Канал 5 ТВ, нешто по што сме препознаени кај вас гледачите, напиша Роберт.
Тој додаде дека со ова секако докажа дека и тој е човек од кpв и месо и човек со душа, па можеби малку претерал со изнесување на своите лични ставови и додаде:
– Оваа тpaгедија треба да не научи сите нас во нашата Македонија дека за жал – животот е „евтин“, и затоа мораме и ние обичните граѓани но и политичарите да внимаваме вакви трагедии да не ни се случуваат повеќе, рече Роберт.
Сепак тој напиша дека не се извинува поради искажаниот став и дека Канал 5 стои зад него, по што секако доби голем број на коментари и лајкови.
-“Детето” не се извинува, нема потреба да се извинува и никогаш нема да се извинува за свој искажан личен став и размислување. Се што сум кажал сум го мислел и го мислам. Колку и да не им се верува на некои, Канал 5 секогаш стоел зад мене и верувам дека така ќе биде и во иднина, напиша искрено Роберт.
Фото: Фејсбук/ Роберт Јанков
Фото: Фејсбук/ Роберт Јанков
Фото: Фејсбук/ Роберт Јанков
Фото: Фејсбук/ Роберт Јанков