Водителката што сите ја знаеме од „Брза кујна“ соопшти прекрасна вест: Пријателите и честитаат, посебен ден за неа и нејзиниот сопруг

Познатата македонска водителка го живее најубавиот период од својот живот.
Ужива во секој момент поминат со семејството, не ја трга насмевката од своето лице, а среќата не ја крие и ја споделува со својата публика.
Александра Илиевска, некогашната водителка на кулинарското шоу “Брза кујна” неодамна стана мајка на малата Сара и постојано пишува објави поврзани со мајчинството.
Водителката и покрај тоа што е мајка, не престанува со работа на социјалните мрежи, каде има многу соработки со фирми.

Александра досега нема споделено ниту една фотографија од лицето на нејзината ќерка Сара, но она што публиката може да го забележи е тоа дека и таа и нејзиниот сопруг зрачат од среќа.
Александра беше една од оние трудници кои не се здебелија премногу за време на бременоста, а тоа ѝ помогна да си ја врати старата телесна тежина по породувањето.

Александра се породила на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје, а породувањето го извршил д-р Горан Кочоски, кој ја следел целата бременост на водителката. Сопругот на Александра не присуствувал на породувањето, но водителката уште само десет минути по породувањето веднаш му испратила фотографија од бебето на Александар.
Она што мора да се признае е дека водителката изгледа подобро од било кога.

Секогаш во тренди гардероба, умерена и пристојна успее да привлече многу публика и без голотија и провокстивност.
Дефинитивно таа е пример за младите кој треба да се следи.
Инаку, таа деновиве имаше и причина за славење.

Александра сподели прекрасна вест на Инстаграм.
Објави фотографија од дел од нејзиниот дом, на кој е поставена свадебан фотографија од неа и Александар.
„Денес славиме 5 години брак”, напиша Александра во опис на фотографијата и додаде дека фотографиите од свадбата ќе ги освежуваат сеќавањата на убавиот момент.

Многупати има истакнато дека најсреќните моменти во животот ѝ се оние поминати со семејството, а доказ за тоа се фотографиите на кои се гледа дека водителката е навистина среќна.
Како и секоја новопечена мајка, таа откри дека се буди рано наутро уште во 7 часот, кога се подготвува и утринското кафе, а потоа се оди на прошетка со малата Сара.

Календарски летото е веќе одамна пристигнато, а луѓето веќе започнаа да ги користат своите годишни одмори.
Водителката заедно со семејството и пријателите замина на одмор во Грција. Оттаму таа сподели и фотографија направена на плажа заедно со Александар и Сара.

„Нашиот прв семеен одмор. Прекрасно”, напиша таа во опис на фотографијата.
Заедно со нив се и нивните пријатели.

„Пријатели, сонце, песок и море. Тоа звучи како лето за мене”, напиша водителката.


















