Водителката Елена рака под рака со овој сакан сопруг – погледнете како се топи
Македонската водителка позираше рака под рака со маж, кој не е нејзиниот сопруг.

Сите очи беа вперени во Елена, која блесна покрај својот партнер.
Водителката Елена Стојановска – Јанковска со години имате прилика да ја гледате на утринската емисија „Ја сакам Македонија“ на Сител телевизија.
ФОТО: Инстаграм / Елена Стојановска
Уште во 5 часот е на нозе и секогаш е одлично расположена, без оглед на тоа дали е наспана и дали има некакви приватни проблеми.
Со својот ведар дух и насмевката внесува позитивна енергија во сечиј дом, кога наутро ќе ги поздрави своите гледачи.
ФОТО: Инстаграм / Елена Стојановска
Приватно е мајка и сопруга.
Иако е долги години заедно со својот сопруг Огнен, таа вели дека е вљубена во него како првиот ден.
ФОТО: Инстаграм / Елена Стојановска
Многупати досега има истакнато дека Огнен ја прави комплетно среќна и дека тој е нејзиниот прв вистински партнер, момче, сопруг…
Плод на нивната љубов е ќеркичката Илина.
ФОТО: Инстаграм / Елена Стојановска
Елена обожава слободното време да го поминува со своето семејство и ужива во нивните заеднички будења наутро.
Деновиве таа беше водителка на еден настан организиран од турската заедница во Македонија, а нејзин партнер на сцената беше турскиот новинар Јусуф Емини.
ФОТО: Инстаграм / Елена Стојановска
Водителката блесна во гламурозна црвена тоалета, а Јусуф за оваа прилика се одлучи за црно одело.
„Чао моја 2023. Ти благодарам за сите убави моменти и настани како вчерашниот кој го водев за Турската заедница во Македонија.
Дедо Мраз,имам и желба,па мислев ако си слободен, да поминеш деновиве. Можеш и пакетче да ми донесеш,годинава скроз го заслужив.
2024 биди уште поубава за сите нас.
p.s (Вчера партнер на сцена ми беше прекрасниот Јусуф Емини)“, напиша водителката.