Во стилот на Анџелина Џоли младата пејачка ги излуде фановите- во вакво издание ја немаме видено досега
Младата пејачка која ја запознавме како тинејџерка порасна во вистинска убавица и секојдневно провоцира.
Малото девојче со ангелски глас кое го гледавме во регионалното шоу „Пинкови ѕвездички“ порасна и изгледа подобро од кога било.
Антониа Гиговска со својот талент во популарното натпреварувачко музичко шоу никого не оставаше рамнодушен, а денес веќе има неколку големи хитови зад себе кои помладата генерација ги знаат напамет.
Сега кога веќе порасна таа своето тело го доведе до совршенство, па ужива да го покажува и често објавува провокативни фотографии.
Овојпат таа позираше во фармерки и маичка, но она што привлече внимание е дека Антониа под маичката не носеше градник.
Таа зазема неколку пози, па ги праша фановите која најмногу им се допадна.
Ова не е првпат таа да позира без градник, истото го направи и неодамна кога го честиташе денот на жената „Осми март“ па објави фотографија со прилепена бела маичка и секако без градник и напиша:
-жени, девојки, мајки ве сакам, среќен 8-ми март-напиша Антониа и позираше во стилот на Анџелина Џоли.
Секако за кратко време следеа илјадници лајкови и коментари кои го пофалија изгледот на младата пејачка.
Антониа може да се пофали со божествен глас, а видеата од нејзините изведби на песни од веќе докажани музички имиња, имаат неверојатна гледаност на Јутјуб.
Таа постојано се грижи за својот изглед па често објавува и фотографии од теретана.
Напорните тренинзи и здравата исхрана се чини дека даваат одлични резултати, а Антониа има тело за чиста 10-ка со кое може да се гордее.