Јована покажа кој го има клучот од нејзиното срце.
Водителката Јована Стојменовиќ скоро целата своја кариера е дел од утринската програма на Сител телевизија.
ФОТО: Инстаграм / Јована Стојменовиќ
Јована важи за една од најубавите водителки во земјава.
Со својата појава мами воздишки каде и да се појави.
ФОТО: Инстаграм / Јована Стојменовиќ
Јована внимава на својот изглед, но најзаслужна за нејзината витка става и убавина е генетиката.
За неа времето стои, таа од година во година изгледа сѐ подобро и воопшто се нема променето од почетокот на својата кариера до сега.
ФОТО: Инстаграм / Јована Стојменовиќ
Таа се вбројува меѓу дамите од ТВ сцената кои го негуваат елегантниот стил на облекување и не сака многу да експериментира.
Остава впечаток на смирена и одмерена личност и никогаш не била дел од скандали и афери.
ФОТО: Инстаграм / Јована Стојменовиќ
Јована многу ретко јавно зборува за својот приватен живот и го крие како змија нозете.
Иако има откриено дека долги години е во врска со своето момче и дека живеат заедно исто како во брак, сега одлучи и да го покаже неговиот лик.
ФОТО: Инстаграм / Јована Стојменовиќ
На својот Инстаграм профил сподели фотографија на која двајцата се насмеани и среќни и уживаат еден покрај друг.
Веднаш почнаа да добиваат комплименти, а водителката Лила Филиповска им напиша коментар: „Љубовчиња мои“.