Вистинско ЧУДО: Бебе старо 10 дена извлечено живо од урнатините од земјотресот во Турција
Бебе и неговата мајка биле извлечени живи од урнатините во Турција после цели 90 часа откако зградата се урнала околу нив, а биле спасени од хуманиарните работници.
Момчето, на возраст од 10 дена, по име Јагиз, било заглавено по урнатините скоро 5 дена.
Снимка која се споделува на соијалните мрежи покажува дека етето било внимателно извлечено од урнатините и веднаш било завиткано во термално ќебе од страна на болничарите, додека неговата мајка била врзана за носилки поради страв од повреди на ‘рбетот.

Градоначалникот на Истанбул Екрем Имамоглу – чии тимови, наводно, биле вклучени во спасувањето – ги пофали напорите на спасувачките работници, велејќи дека извлекувањето се случило во градот Самандаг.

Очајничките напори за потрага и спасување се во тек и во Турција и во соседна Сирија, при што некои жртви од земјотресот сè уште се држат во живот под урнатините.
Утрово шестчлено семејство беше спасено во Искендерун, а тинејџер беше извлечен на слобода во Газиантеп, повеќе од 100 часа откако беше затрупан од земјотресите.

Едно тригодишно девојче било извлечено живо откако 103 часа било заглавено под земја, а 18-месечниот Јусуф Хусеин некако успеал да живее 105 часа пред да биде спасен.

Но, надежите за пронаоѓање многу повеќе преживеани брзо се намалуваат, а дехидрираните и повредените жртви исто така страдаат од ниските зимски температури четири дена по катастрофата.
Бројот на загинати во земјотресот, кој турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го нарече „катастрофа на векот“, се искачи на повеќе од 21.000.

ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин