Вистинска атракција: Заработувале куп пари на ромските веселби – овој пар бил најплатен во екс Југолсавија

Тие биле најплатни на естрадата.
Водителот Зоран Пејиќ Пеџа своевремено беше во брак со пејачката Злата Петровиќ со која има син Јован, а сега откри детали од минатото кога тој и неговата поранешна сопруга заедно пееле на ромска свадба.
– Злата и јас кога бевме во брак бевме најголема атракција и најплатени за ромските веселби и повеќе пати на веселбите сме заработувале повеќе и од Шабан Шаулиќ.
Како што наведе, со нив носеле и други колеги.
– на турнеа водевме по три-четири пејачи и цел оркестар бидејќи заработувавме многу пари, па сме ги плаќале и нив, рекол водител.
Злата и Пеџа се венчале во даечната 1996 година и го имаат нивниот наследник Јован.
Прославата била одржана во домот на ЈНА и било тоа гала, токму како им доликува на џет-сетеите од тоа време. Меѓу гостите имало многу познати личности, а кумови на младенците им биле Гоца Божиновска и Јашар Ахмедовски.
Како што се зборува, оваа била најскапата свадба на естрадата, а не се штедело на ништо. Злата и Пеја во бракот го добија синот Јован, но се разведоа брзо.
Злата во тоа време важела за една од најубавите српски пејачки, таа ќе остане запаметена и по тоа што го била во врска со негоашнниот шармер во тоа време, а сега добро познатиот директор на Гранд продукција Саша Поповиќ
-Тоа беше пред многу години. Сале и јас бевме во врска, пред околу 30 … 25, 30 години, тој беше слободен човек, јас бев слободна. Едноставно, колку што вредеше, толку и траеше.
Се разбира, ние останавме и понатаму пријатели. Знаете, никој неможе да ви гарантира колку ќе бидете во љубовна врска со некој маж или жена.
Беше одлично, беше супер, тој е премногу паметен човек. Можеби ние се најдовме во погрешно време, изјави пејачката.