Висок и згоден: Зоки Фаци покажа на кого личи, тој е негова копија – контроверзниот водител ги изненди сите со оваа фотографија!
Контроверзниот поранешен водител и инфлуенсер покажа на кого личи.
Важи за човек кој секогаш го кажува она што го мисли, а во последно време е многу активен и на социјалните мрежи.
Зоран Василевски-Фаци постојано ужива во луксузни ресторани, а често друштво му прави познатата водителка Лила Филиповска.
Токму во еден таков скопски ресторан Лила неодамна славеше роденден, а Зоки Фаци беше меѓу присутните.
Својата кариера ја започнал уште многу млад, а за кратко време се стекна со голема популарност.
Зоки отсекогаш важел за голем пофесионалец, а можност имал да прави интервју со најголемите ѕвезди од Балканов.
Секогаш без влакна на јазикот и со директни прашања, тој важи за многу „незгоден“ новинар за соработка.
Сепак Зоки реши да ја промени професијата барем засега и да стане инфлуенсер.
Секојдневно објавува фотографии и видеа, а сега сподели приватна фотографија од неговиот татко во младоста.
Фотографијата е во црно-бело издание, а на неа таткото на Зоки носи полициска униформа, а она што е очигледно е колку Зоки личи на него.
Повеќе од евидентно е дека Зоки е копија на неговиот татко.
Зоки во емисија со Стефан Лазаров рече дека му пукнал филмот и не сака да биде на телевизија после 14 години кариера, а денес е инфлуенсер.
„Нашите македонски ѕвезди треба да сфатат дека ако се бавиш со шоу-бизнис треба да се сфати дека тоа е двојно поле, но нашите ѕвезди губат што не се појавуваат во вакви емисии како твоите и мојата. Немал дечко, не се coблекyвала, не била таква, па нема што да прашаш. Светските ѕвезди станаа такви, еве пример Мерлин Монро или Џенифер Лопез која се coблeче на 50 години, но кога Тамара го направи тоа сите ја критикуваа“ изјави тогаш популарниот водител.