Викторија Лоба се потсети на првите школски денови- покажа како изгледала како прваче, па откри како е во Русија
Убавата македонска пејачка со потекло од Русија се потсети на своите први школски денови.
Девојката која плени со својата природна убавина и не остава никого рамнодушен со својата појава, сега на своите фанови им покажа дека таква била уште од малечка.
Имено Викторија Лоба по повод месецот септември се потсети на нејзиниот прв училиштен ден, односно кога таа била прваче.
Преслатка и со препознатливите син очи Лоба со молив во раката и тетратка учела да пишува.
Таа во една прилика раскажа дека прваче во Русија и тука не е исто.
Присетувајќи се на детските денови во Русија таа рече дека децата уште во предшколска возраст знаат да пишуваат и читаат, но и дека знаат да сметаат множење и делење.
– Баба ми ме изнамачи со тоа, тоа беа слатки маки. Ме прати на авион за Македонија со таблица за множење“ се присетува Лоба велејќи дека нејзината баба го сакала најдоброто за неа, што судејќи по ова што го гледаме од Лоба, јасно е дека завршила добра работа!
Лоба во Македонија дошла во 1998 година, а веќе во 2003 ја претставуваше државата на детска Евровизија.
Лоба во 2019 година се вери со бизнисменот Ѓорги Калешов, но поради коронавирусот плановите за свадба мораа да почекаат.
Таа рече дека не и се брза и дека најважно и е добро да се согласува со партнерот.
„Повеќето парови сега така функционираат. Најважно е партнерите да се согласуваат и да бидат најдобри другари. И тоа е тоа. Другарките цело време ме прашуваат – „кога фустанот ќе го облечам?“.
„Моите другарки сите се пејачки, знаеш што ќе биде тоа … Ние уствари ќе си направиме миниконцерт“, рече Лоба во емисијата „Еден на еден“.