Велевска во најтесното здолниште што сме ја виделе досега – фановите воодушевени!
Елена Велевска во црно од глава до пети
Шармантната пејачка го привлекува вниманието како со своите спотови така и на социјалните мрежи со фотографиите што редовно ги објавува. Таа неодамна на нејзиниот Инстаграм сподели фотографија на која носи кожено здолниште со кое го истакна нејзините убави нозе.
Во прашање е тесен кожен модел со молив крој кој ја следи линијата на телото на атрактивната пејачка, а целото издание го заокружи со црна ролка, голема црна чанта и шик високи потпетици во впечатлива розова нијанса.
Нејзиното издание предизвика внимание на социјалните мрежи каде што доби бројни комплименти и пофални зборови. „Навистина доминираш, топ си“, пишува во коментарите еден од нејзините верни обожаватели.
Во продолжение погледнете уште неколку „опасни“ изданија на Елена која, и кога е закопчана до грло, изгледа неодоливо и ретки се оние кои нема да се завртат по неа.