Бремената Александра Пријовиќ блеска во бременоста – шик капут и модни додатоци што секоја дама би сакала да го носи оваа зима
Капут и моден додаток на Александра Пријовиќ со кој ги освои сите жени на Инстаграм
Познатата пејачка треба да се породи оваа пролет, а според нејзините фотографии на Инстаграм таа не ги минува бремените денови во мирување.
Имено и досега можевме да ја видиме убавата пејачка во најразлични модни изданија, и вечерни и дневни, на прошетки, забави, па дури и на сцена кога пееше како гостинка на концертот на својот колега. И во сите овие нејзини екскурзии, нејзините модни комбинации и вештото прикривање на бремениот стомак не беа незабележани.
https://www.instagram.com/p/Bs0WA8NHLL6/
Овој пат, Александра „фураше“ капут во беж боја, што го носеше со класична капа во англиски стил со препознатлив дезен кој совршено се вклопи со ременот на нејзината чанта. Гламурозната чанта која исто така е во кафеави и беж-тонови, има интересни кафеави детали што ја кршат монотонијата на светлата боја, додека под палтото Пријовиќ носеше црна ролка која повторно е хит оваа сезона.