Бред Пит сè уште ја сака само неа: Старата љубов тешко се заборава, постојано се враќа во нејзините прегратки
Иако неодамна призна дека е среќен во новата врска со 27-годишната германска манекенка Никола Потуралски и дека конечно се чувствува сакан, се чини дека 56-годишниот актер Бред Пит сепак се грижи повеќе и за својата стара љубов.
Според пишувањата на порталот „Ентертејмент тајмс“ наводно Пит ја заживеал врската со 51-годишната актерка Џенифер Анистон со која порано беше и во брак.
Имено, според последните гласини, Бред во својот последен разговор со странски медиуми откри дека повторно се бакнува со привлечна 51-годишна жена, поради што решил да раскине со младата убавица. И покрај фактот што изгледаше како актерот и 30 години помладата девојка да се опиени“ од љубов, се чини дека на Џенифер повторно ѝ успеа да го освои својот поранешен сопруг Бред.
Тие веќе го планираат нивниот следен чекор во врската.
Откако врските со неговата последна поранешна сопруга, 45-годишната актерка Анџелина Џоли, драстично се влошија, Бред стануваше сè поинтимен со Џенифер.
На последниот состанок преку веб-камера, на многумина, тогаш присутни, колеги актери им стана јасно дека сè уште постои силна хемија меѓу нив. Се чини дека овој пат тие самите тоа го сфатија, поради што повеќе не ја негираат својата љубов, пишува споменатиот портал.
Според пишувањата на странските медиуми, блиските пријатели на двојката веќе извесно време знаат за романсата меѓу нив двајцата: „Сега, кога конечно се повторно заедно, веќе го планираат својот следен чекор во врската“, изјави извор за странскиот портал. „Од една страна, тие дури сега ми изгледаат посреќни отколку кога беа помлади и во брак“, додаде изворот.
Патем, по разводот во 2005 година, Џенифер и Бред останаа во добри односи. И покрај фактот дека, поради новиот брак на Бред со Анџелина, тие се дистанцираа, се чини дека едвај чекаа нова можност да ги обноват страстите, пишуваат странските медиуми.