Од нивната врска најверојатно нема ништо
Минатата недела израелската архитектка Нери Оксман беше забележана во друштво со милијардерот Бил Акман, во поприлично опуштена дружба, а за тоа време Бред интензивно се дружеше со своите деца во Лондон.
Тоа дека Бред конечно ја пронашол својата среќа во прегратките на убавата израелска архитектка и професорка на познатиот универзитет МИТ, Нери Оксман, очигледно дека не држи вода. Минатиот викенд Нери беше забележана во друштво со милијардерот Бил Акман, а парот изгледаше поприлично интимно за време на тенискиот натпревар организиран на универзитетот.
„Бил победи и за награда доби и девојка, а Бред Пит секако дека ќе мора да се потруди ако сака да придобие и да има покрај себе една паметна жена како што е Нери“, изјави извор што ги познава и двајцата за странските медиуми.
https://instagram.com/p/BhcPhjYlM49/?utm_source=ig_embed
Инаку, медиумите неколку месеци пишуваа дека Нери би можела да биде негова нова љубов, и дека во тајност се гледаат неколку месеци. Од друга страна некои медиуми пишуваа и дека се само пријатели, иако Бред е фасциниран од нејзината убавина, но меѓу нив нема ништо сериозно.
Како и да е, Бред нема премногу време за тагување бидејќи во моментов е во Лондон каде се наоѓа неговата поранешна сопруга и неговите деца. Поради ваквата одлука на судот тој на некое време се пресели во британската престолнина каде сега ќе може повеќе време да минува со своите деца.