Беше бремена и пред да се омажи, но го изгуби бебето – ЦЕЦА ЗА НАЈТАЖНИОТ, но и најубавиот ден во нејзиниот живот!
Пејачката се присети на тpагичниот настан…
Познатата фолк пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ се присети на најболната тема за која ретко досега зборувала.
Имено, малкумина знаат дека Цеца пред да забремени со Вељко уште еднаш била во блажена состојба.
Но, за жал, таа имаше спонтан абopтус. оваа бременост предвремено беше прекината.
Цеца по толку години се присети на овие тешки моменти и отворено зборуваше на оваа тема пред камерите на Блиц ТВ.
Таа раскажа дека додека била бремена, ја договориле свадбата. Но за жал во меѓувреме го изгубила бебето.
Терминот за свадбата истана. Не го менувавме, 19 февруари 1995 година се венчавме, се сеќава Цеца на овие моменти.
Цеца по една година, во декември, се породи и го роди Вељко, но за жал го изгуби бебето претходно, раскажа таа во „Цеца шоу“, емисијата што се емитува на телевизијата на порталот „Блиц“.
На пејачката ова и се случи пред да влезе во брак со Жељко Ражнатовиќ Аркан, односно пред да ги роди Вељко и Анастасија.
Покрај овој тежок период што нема никогаш да го заборави, популарната српска пејачка потоа се присети и на еден од најубавите моменти во нејзиниот живот.
А тоа секако беше свадбата на нејзиниот син, како и моментот кога тој и кажал дека неговата девојка е бремена.
„Немам видено посреќен младоженец од мојот син. Тој толку беше весел што се жени, а и како да не биде среќен? Ја ожени жената што ја сака многу. Бев на разни свадби, но повторувам, толку среќен младоженец немам видено“, вели пејачката која за неколку месеци ќе добие уште еден внук.
И бидејќи Бојана не сакала свадбата да ја направи во поодмината бременост, Цеца и помогнала околу организацијата и успеале се’ да завршат за само месец дена.
„Нивната свадба ја организиравме за месец дена. Успеавме да сместиме 500 луѓе во сала која е преполна и со 400 и нешто луѓе“, вели таа, а потоа се присети и на најрадосната вест, кога нејзиниот син и кажал дека ќе стане баба.
„Вељко само ми го донесе тестот пред очите и ми кажа дека ќе станам баба. Тоа за мене беше шок. Му кажав дека целиот регион ќе се шегува со мене дека сум станала баба. Со помош на пријатели за само месец дена успеавме да ја организираме свадбата“, се присеќава познатата пејачка.
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ