Реклама
Наши ѕвезди

Бали-бег е минато, ова е новиот турски заводник – сличноста со Бурак е неверојатна!

Реклама

Турскиот актер Бурак Озџивит кој се прослави со улогата на Бали-бег важи за еден од најголемите фраери во Турција.

Но во последни време тој добива сé посериозна конкуренција. Во прашање е неговиот колега Алп Навруз кој е нова ѕвезда на турското небо, а карактеристично за него е што неодоливо потсетува токму на популарниот колега.

Маркетинг

Алп има 29 години. Тој има завршено турски јазик и книжевност, но очигледно судбината за него имала други планови. Поради атрактивниот изглед им станал интересен на модните агенти, па едно време снимаше реклами и се шеташе по модните писти, а потоа го забележале и телевизиските продуценти па улогите во сериите само му се нижат.

Маркетинг

Вистинска популарност добива со улогата на Синан Егеман во серијата „Ќерки“, но не сака да ја прифати титулата „заводник“.

За себе познатиот актер вели дека е „нормален“, традиционален маж кој ужива кога ќе му дојдат пријатели, но услов е сам да готви бидејќи тоа го обожава.

Не сака кога жените сами му се пуштаат и оние што први ќе му се приближат никогаш не ги смета за сериозни партнерки.

„Всушност јас сум многу пребирлив и постојат многу работи што ме одбиваат кај жените – затоа и сум сам“, вели тој.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button