„Бабичке убавичке“: Новица и запеа на мајката на Татјана, во куќата во Австралија познатиот музички пар славеше до зори!

Македонската пејачка Татјана Лазаревска и нејзиниот сопруг Новица Василевски долги години живеат и работат во во Мелбурн, Австралија.

Заедно со синовите Стефан и Петар, во потрага по поубав живот, тие заминаа во дијаспората.
Освен што се едни од најдобрите во својата бранша, тие двајца се и доста активни на социјалните мрежи, каде преку јавувања во живо ја развеселуваат публиката со песна.
Она што може да се види од нивните објави е тоа дека пејачите навистина знаат и умеат да уживаат во животот. Постојано патуваат, се забавуваат, а во нивниот дом секогаш може да се слушне песна и музика. Весели се по природа и се гледа дека премногу ја сакаат својата работа.

На своите фанови им соопштија и дека си купија своја куќа, свој дом.
Нивната куќа секогаш е полна со добри и позитивни луѓе, а Татјана и Новица посебно се радуваат кога ќе им дојдат колегите од Македонија, па ќе ги удостојат со убава седенка и дружба.

На пејачката омилено место во куќата и е дневниот престој каде може максимално да се опушти и да гледа филмови, а како што самата изјави во една пригода, за мезето речиси секогаш е задолжен нејзиниот сопруг за кој признава дека одлично се снаоѓа во кујната.
Деновиве тие повторно имаа причина за славење.

Овој пат тоа беше роденденот на мајката на Татјана. За Новица и Тања ова беше доволна причина да си направат атмосфера за забавување.
Со чаша коктел покрај себе и добра песна тие ѝ го честитаа роденденот на својата мајка, Снежана Лазаревска.

-Мамичке моја најсакана среќен 66 роденден, кажа Татјана, а Новица дофрли: Бабичке убавичке.
– Да си жива и здрава, многу те сакаме и многу ни недостасуваш, ама затоа ќе ти испееме песна, кажа Татјана и заедно запеаја роденденска песна.

Снежана инаку живее во Скопје, но пред пандемијата понекогаш одеше во Австралија во посета на својата ќерка.
Тие заеднички моменти секогаш беа овековечувани со фотографии.
Според фотографиите можевме да заклучиме дека Татјана неверојатно многу личи на својата мајка.

Нејзината мајка исто така има кратка фризура, но за разлика од Татјана која има платинеста нијанса, косата на Снежана е во впечатлива црвена боја која одлично ѝ прилега на годините.
Она што малкумина го знаат е дека во 2011 година Татјана го загубила својот татко.

Само две недели по загубата таа морала да се врати на сцената.
Таа не го откажала настапот затоа што знаела дека токму микрофонот ќе биде лек за нејзината душа.

Како што секогаш умее, така и тогаш, Тања направила неверојатна атмосфера и професионално си го одработила својот дел.

Пејачката е секогаш ведра и позитивна, па токму затоа публиката ја обожава. На сите нејзини настапи и концерти публиката е на нозе, затоа што таа умее да направи луда атмосфера. Нејзините хитови е пеат наизуст.














