Ана Ивановиќ и без шминка на лицето е вистинска убавица – природното е најубаво!
Таа беше една од најубавите тенисерки на светот, а денес е мажена жена која има син и се уште важи за вистинска убавица.
Ана Ивановиќ и покрај тоа што повеќе не игра тенис, интересот на јавноста за неа се уште не стивнува, а нејзината природна убавина е посебна приказна поради која сите ја сакаат, особено откако се оствари и во улога на мајка.
На најновата фотографија што ја објави на социјалните мрежи таа нема ни грам шминка на лицето, а изгледа феноменално, како на почетоците од нејзината кариера.
https://www.instagram.com/p/BvuZNUmgUOW/
Во последно време некако се навикнавме Ана да ја гледаме во поопуштени изданија, а дали е тоа поради родителството или преубавиот семеен живот што го има со својот сопруг, Бастијан Швајнштајгер, не сме сигурни, но поранешната тенисерка и вака зрачи со својот посебен шарм и убавина. Особено откако стана мама на малиот Лука. Браво!
Не е чудо што Бастијан падна на нејзината убавина.