Реклама
LIFESTYLEХороскоп

Зошто ТОЛКУ ги обожаваме Лавиците?

Реклама

Великодушни, привлежни, страствени, љубезни, горди, родени лидери, но и тврдоглави и упорни – ете тоа се Лавиците. Во толпа луѓе, сигурно ќе ја забележите Лавицата која ја има најубавата насмевка, а нејзината самоувереност се чувствува на сите страни.

ФОТО: Freepik.com

Жената Лав сака партнер кој има силна личност, маж кој е доволно сигурен во себе, па таа со него да може да се покаже во вистинското светло. Во врската сака секогаш да ѝ е динамично и забавно, а не поднесува рутина и постојано измислува начини како нешто да промени и да го направи драматично.

Сексот ѝ е особено важен и тоа е најдобриот начин партнерот да ѝ покаже колку е посакувана. Сака секси долна облека, како и преземање лидерство во спалната соба. За неа сексот не е табу тема, сака да проба се’, а сопствениот и уживањето на партнерот ѝ се исто значајни. Во љубовта најдобро се снаоѓа со Близнаците, Стрелците и Вагите.

Маркетинг

Густата нескротлива коса е како грива, има изразени црти на лицето, големи, топли очи, широко чело и мали усни – тоа се нејзините физички карактеристики. Најмногу се гордее со својата густа коса и дебелото влакно, која обично е во плава или црвена боја.  Лавицата е секогаш великодушна и полна со ентузијазам. Нејзините пријатели знаат дека таа никогаш нема да ги изневери и секогаш ќе биде тука за нив. Спремна е да прости се’ – освен неверство и предавство.

Па, зар не посакуваме сите да имаме ваква личност во нашиот живот?!

Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button