Биковите уживаат во луксуз, овните се скржавци…Како се справуваат знаците со парите?
Вага
Како и во останатите аспекти, Вагата има балансиран пристап кон финансиите. Тие функционираат според мотото „троши малку, штеди малку’. Вагите често штедат за црни денови, а потоа знаат да ги избројат парите и да уживаат во нешто поголемо. Тие имаат дива природа и често ги трошат парите на луди авантури.
Шкорпија
Интригантната Шкорпија секогаш ги има парите на нејзиниот ум. Штедењето не е нивна најсилна страна. Без оглед на тоа колку воздржани се како личности, тие многу малку можат да се воздржат во штедењето. Понекогаш знаат да застанат и да направат анализа и да ја искористат својата интуиција, но мошне брзо се забораваат во трошењето.
Стрелец
Родените во овој знак се многу страствени за нивниот живот. Тие трошат брзо и тоа на различни нешта. Но, тие се еден од знаците во хороскопот кој ќе ги потроши парите на вистинските нешта, во вистинско време. Тоа е така бидејќи се многу внимателни и секогаш носат добри одлуки.
Што вели хороскопот – кои мисли ве спречуваат да бидете среќни?>>>
Јарец
Приземјениот Јарец е паметен и секогаш носи паметни одлуки во однос на трошењето. Импулсивното купување едноставно не е дел од природата на Јарецот. Сепак, тие уживат луксуз и нема да размислуваат премногу кога ќе видат скап, но квалитетен мебел или некој убав детал за нивниот дом. Јарците работат напорно и имаат одлично чувство за одговорност, а нивната најголема желба е да заработуваат добро за напорната работа која ја работат.
Водолија
Водолиите имаат одлична визија за претприемништво. Тие сакаат да создаваат можности околу себе и да заработуваат пари дури и настрана од регуларната работа која ја работат. Тие се дарежливи и сакаат да купуваат подароци за оние кои се околу нив, а се и едни од најдобрите финансиски советници кои некој би можел да ги има.
Риби
Овој знак со парите се однесува како пливањето во вода. За нив, како доаѓаат, така и одат. Од сите знаци, ним највеќе им се потребни совети во однос на парите. Тешко влегуваат во рутина, но кога некој ќе им објасни дека прават грешка во однос на трошењето, знаат да се повлечат и да направат пауза.
Тие се едноставно одлични пријатели и рамо за поддршка >>