Пет знаци кои ќе ви покажат дека вашиот партнер ве лаже и дека нешто крие од вас
Кога еден од партнерите ќе почне да лаже во врската, тогаш очекувано е во најбрзо време работите да тргнат наопаку.
Токму затоа и најдобро е навреме да препознаете дали партнерот е искрен, и да се обидете да го решите проблемот, односно да размислите дали можете да му простите или во краен случај да ја прекинете врската. Доколку само се сомневате, а не правите ништо, тоа може да предизвика стрес, но и да ви ја наруши самодовербата. Еве на кои знаци треба да обрнете внимание ако сакате да препознаете дали ве лаже или е потполно искрен со вас
Внимавајте на деловите од приказната кои не се поклопуваат
Лажговците честопати имаат многу недоследности во приказните. Доколку забележите дека тој постојано ги менува фактите и секогаш дава различни информации околу тоа каде е, што сака да прави или кои му се најдобри пријатели, би требало да бидете внимателни.
Слушајте ја вашата интуиција
На сите ни работи интуицијата. Но, понекогаш тешко е да се направи разлика меѓу интуицијата и паранојата. Мора да бидете на чисто со вашите сопствени проблеми. Дали обично им верувате на луѓето или досега сте се сомневале во сите ваши партнери и тоа без да имате рационална причина? Доколку генерално имате доверба во луѓето, треба секогаш да бидете внимателни кога ќе почувствувате дека нешто не е како што треба.
Тој одбегнува да се гледа со вас за време на викендите
Понекогаш во врските нормално е ако партнерот доаѓа доцна дома од работа, но ако тој одбива да ве види за време на викендот, можно е да ве лаже за тоа каде се наоѓа и со кого го поминува слободното време. Разбирливо е да не се гледате премногу често ако тој е зафатен, но тогаш кога е слободен гледањето со вас би требало да му биде приоритет.
Внимавајте на чудниот говор на тело
Дали тој станува напнат кога му поставувате прашања? Според некои истражувања доколку тој си го допира носот додека ви одговара, не може да седи мирен со рацете и има проблеми со координацијата, веројатноста е дека лаже. Обрнете внимание дали тоа се случува додека ви опишува некој неодамнешен настан.
Дава премалку или премногу детали
Доколку неговите приказни содржат премалку или премногу детали, тоа може да биде знак на лажење. Премалку детали значи дека тој крие нешто од вас и не може да зборува слободно, а премногу детали значи дека тој е нервозен бидејќи се чувствува неспособен да ви раскаже целосно веродостојна приказна.