Диети

Како да ослабиме?

Реклама
Реклама

Повеќето од нас применуваат или планираат да започнат одреденa диета, но за успешно и ефективно да се остварува овој процес, неопходно е да се почитуваат цела низа на правила.

zlatniprav1

Маркетинг

Како прво, во прехраната мора да биде вклучено немрсно месо, кое се подготвува на повеќе начини, со варење или печење на скара! Добро е да се избегнуваат преливи и сосови! Помеѓу здравите и помалку масни намирници, се вбројува телешкото, немрсното говедско, пилешко и воопшто, немрсните делови од кртината. 

Од риба се препорачува консумација на лосос, пастрмка, штука, ослич, речен и морски рак, крапот е исто така дозволен, но само немасните делови. Зеленчукот е задолжителен дел од менито, а зелените салати би морало да се консумираат барем два пати на ден, со што помалку масло.

zlatniprav3

Маркетинг

За време на подготовката на ручекот, водете сметка да ставате што помалку запршка. Во менито слободно можете да го сврстите телешкиот црн дроб, печен на жар и измешан со разни зачини, како босилок, мајоран и магданос. Компирот гответе го со лушпата и со што помалку сол, а по оброкот не би требало да послужувате десерт во поголема количина од 150 грама.

Овошјето е дозволено, но поради одредената количина на шеќер, не би било добро да се јаде во преголеми количини. Ограничете се секојдневно на еден пар овошје и задоволете ја желбата на организмот за внесување на витамини.

За секој оброк дозволете си себе си доволно време за консумирање на истиот и храната жвакајте ја полека. При засладување, трудете се да користите захарин наместо класичен шеќер, или некои други вештачки засладувачи. Но тие не смеат да се ставаат во јадењето додека се готват, туку дури кога е веќе комплетно спремено.

Водата и останатите течности секогаш пијте ги после оброкот. Сведете го на минимум лебот и ориентирајте се на црн леб, р’жен или гарахам. 

zlatniprav2

Од секојдневната прехрана исфрлете ги слатките, како што се бомбоните, ванилата, а одлично би било да се откажете и од тутунот и алкохолот, кои исто така влијаат на вашата тежина и на целокупно здравје.  

Поврзано

Back to top button