Златко Јовановски се најде во Вог, креаторот вресна од радост – „креација за која не можат да престанат да размислуваат“
Тетовчанецот Златко Јовановски со својата креација која ја носеше Талија со настап пред Рофелер центарот во Њујорк, се најде со пофална критика во латиноамериканскиот Вог.
Талија беше задолжена да донесе латино допир на осветлувањето на божиќното дрво пред Рокфелер Центарот. Инаку, осветлувањето на елката, висока повеќе од 20 метри, се смета за традиција за жителите на Њујорк и претставува почеток на божиќната сезона за американскиот град уште од 1933 година.
„Мексиканската пејачка и актерка беше дел од концертот што го придружува овој легендарен настан, а таму се појави во три неверојатни аутфита. Кој е нашиот фаворит? Оној што го носеше со метални чизмии, елемент што несомнено е клучен за сјај за време на божиќните празници“, пишува Вог.
„И иако сите аутфити беа неверојатни на свој начин, не можеме да не размислуваме за креацијата со камчиња во зелена боја ― и за наметката во црвена боја ― креација на дизајнерот Златко Јовановски“, понатаму пишува Вог.
Секако, оваа вест ја сподели со голема радост нашиот моден дизајнер.