Реклама
Celebrity
Актуелно

Животната приказна на втората дама на САД е како од роман – како потпретседателот лудо се вљуби во ќерката на индиски имигранти

Уша Венс остави гламурозна кариера во адвокатска фирма за целосно да се фокусира на својот сопруг. Од првиот ден кога се запознале, таа за него станала незаменлива личност и продолжува да биде така повеќе од 10 години подоцна.

Реклама

39-годишната Уша Венс, сопруга на американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс, е личност на која моментално е насочен фокусот и вниманието на јавноста речиси исто како и на нејзиниот сопруг.

Мајка на три деца, високо образована и од семејство на индиски имигранти, таа беше клучна во помагањето на нејзиниот сопруг да ги постигне своите височини во кариерата.

Еве ги најинтересните работи кои се однесуваат на втората дама на САД.

Маркетинг

View this post on Instagram

Маркетинг

A post shared by Usha Vance🇺🇸 (@usha_vanceus)

 

Уша Венс стана првата индиско-американска втора дама во Белата куќа. Таа, исто така, стана првата хинду Втора дама. Со 39 години, Уша е најмладата втора дама од администрацијата на Труман, кога 38-годишната Џејн Хедли Баркли, сопруга на поранешниот потпретседател Албен Баркли, ја презеде функцијата во 1949 година.

Детство и младост

Уша Чилукури Венс е родена од индиски имигранти. Тие се преселиле во САД во 1986 година, се населиле во работничкото предградие на Сан Диего, Ранчо Пењаскитос, а на 6 јуни истата година се родила идната г-ѓа Венс.

Нејзината мајка Лакшми Чикулури е молекуларен биолог и заменик-директор на Универзитетот во Калифорнија, а нејзиниот татко Радакришна е инженер и професор на истиот универзитет каде работи  неговата сопруга. И двајцата се професори.

Бабата на Уша, Сантама Чилукури, професорка по физика од Андра Прадеш, вели дека не е изненадена од успехот на нејзината внука бидејќи таа потекнува од долгата низа на хинду научници. Нејзините корени се во Вадлуру, село во Андра Прадеш.

„Не секој може да го достигне врвот во странска земја и да добие почести, а ние сме среќни што Уша постигна позиција што може да ја постигне само еден од милион“, рече бабата на Уша.

Уша била воспитана според хинду традицијата, но со своето семејство посетува католичка црква.

„Пораснав во религиозно семејство. Моите родители се Хиндуси и тоа беше една од работите што ги направија толку добри родители и многу добри луѓе“, рече своевремено таа.

Уште од детството, Уша била заинтересирана да учи и да чита многу. Пријателите и соучениците дури ја нарекувале „книжарница“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Usha Vance🇺🇸 (@usha_vanceus)

Таа се истакнала во јавното средно училиште Маунт Кармел пред да се запише на Универзитетот Јеил. По дипломирањето во 2007 година, Уша стажирала во Кина, каде предавала англиски јазик. Потоа, магистрирала на Универзитетот Кембриџ како стипендист на Гејтс. Таа ја стекна дипломата магистер по филозофија во раната современа историја.

Во 2010 година, Уша го продолжила школувањето на Правниот факултет во Јеил. Чарлс Тајлер, сега професор по право, за новинарите изјави Уша Венс не само што била брилијантна туку и потрошила големо време од студиите советувајќи ги другите студенти како да аплицираат за посакуваните работни места што таа самата ги посакувала.

Уша посветила голем дел од своето време како студентка и на јавното образование, уредувајќи списание за образовни политики и волонтирајќи во блиските основни училишта.

Дипломирала на Универзитетот Јеил со диплома по историја.

Кариерата на Уша Венс

По правниот факултет, Уша имала престижни работни места, вклучително и работата за Брет Кавано кога беше судија на Апелациониот суд на САД за округот Колумбија. Од 2017 до 2018 година, таа била адвокатски службеник во Врховниот суд на главниот судија Џон Робертс. Овие позиции ја направиле почитувана личност во правната област.

Талентираната млада жена потоа стана адвокатка во адвокатската канцеларија Munger, Tolles & Olson, во Сан Франциско. Компанијата може да се пофали со репутација дека е „радикално прогресивна“.

Уша ја напуштила адвокатската канцеларија веднаш откако нејзиниот сопруг беше избран за десна рака на Трамп.

„Уша не информираше дека одлучила да ја напушти фирмата. Таа беше прекрасен адвокат и колега, и ѝ благодариме за годините на услугата и ѝ посакуваме се најдобро во нејзината понатамошна кариера“, изјавија од Munger, Tolles & Olson.

Средба со Џеј Ди Венс, свадба и семеен живот

Џеј-Ди и Уша се запознале на Универзитетот Јеил. Таму организирале форум група на тема „социјалниот пад во белата Америка“. Во своите мемоари „Хилбили елегија“ од 2016 година, самиот Џ.Д. Венс рече дека се сретнале на работна задача, и набрзо „многу се заљубил“ во својот писателски колега.

„На место кое отсекогаш ми изгледаше малку туѓо, присуството на Уша ме натера да се чувствувам како дома“, пишува тој во книгата.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Usha Vance🇺🇸 (@usha_vanceus)

Во времето кога се запознале, Џеј-Ди Венс имал друго презиме. Имено, по раѓањето го добил името Џејмс Доналд Бауман, но по разводот, неговата мајка го променила името на синот во Џејмс Дејвид Хамел во чест на нејзиниот нов сопруг. Подоцна тој го зел презимето на неговиот дедо, Џејмс Ли Венс. Ова се случило во 2013 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Usha Vance🇺🇸 (@usha_vanceus)

Љубовта на парот била толку очигледна што нивните соученици дури ги споиле и имињата на љубовниците и ја нарекле двојката „Јудуша“.

Во неговите мемоари од 2016 година, „Хилбили елегија“, Џ.Д. ја нарече Уша „духовен ментор“ на Јеил додека тој се борел да се вклопи во средината. Тој ја опиша и како „генетска аномалија“, бидејќи имала „многу идеални квалитети“.

Во 2013 година, Уша и Џеј Ди дипломирале, а во 2014 година се венчале во Кентаки, а таа стана Уша Венс. Нивните свадбени прослави вклучуваа хинду церемонија на хинду благослов. Џеј Ди се преобрати во католицизам во 2019 година, но Уша не. Сепак, таа ја поддржа неговата одлука и го придружува во католичката црква со нивните деца.

Откако живееле во Калифорнија и во Вашингтон, семејството Венс се преселило во Синсинати во 2018 година, каде што купиле куќа во населбата Ист Вонут Хилс.

Тие имаат три деца – два сина и една ќерка. Еван е роден во јуни 2017 година, потоа Вивек во февруари 2020 година, додека Мирабел пристигнала во декември 2021 година.

Уша не само што се грижела за своите деца и за нејзината кариера, туку успеала да работи и за доброто на општеството. На пример, таа беше дел од одборот на директори на Симфонискиот оркестар на Синсинати од септември 2020 до јули 2023 година.

Пред денот на изборите, Уша му се придружи на својот сопруг во кампањата. Таа му помогна и да се подготви за потпретседателските дебати на почетокот на октомври минатата година.

Поранешната адвокатка сака да чита и често беше фотограиранасо книги под пазува во текот на патувањата за време на кампањата.

На една фотографија јасно се гледа дека ја чита Хомеровата „Илијада“.

„Тоа е затоа што нашето сега седумгодишно дете стана опседнато со митологија. Ја прочита детската верзија на Одисеја, а потоа и на Илијада и целосно се опседна. Затоа, за да бидам во чекор со него, решив дека е време да ја земам и јас „Илијада“, рече Венс во реткото телефонско интервју.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Usha Vance🇺🇸 (@usha_vanceus)

Во своите мемоари, Венс ѝ припиша дел од својот успех на неговата сопруга:

„Дури и во мојата најдобра верзија, јас сум одложена експлозија. Можам да бидам неутрализиран, но само со вештина и прецизност. Не само што научив да се контролирам, туку факт е и дека Уша научи да ме контролира.”

 

View this post on Instagram

 

A post shared by JD Vance (@jdvance)

Тој исто така призна дека нејзините достигнувања го прават да се чувствува „понизен“.

„Уша дефинитивно ме враќа малку на земја. И ако можеби станам малку пресигурен или малку пресамоуверен, само се потсетувам дека таа е многу поуспешна од мене… Луѓето не сфаќаат колку е брилијантна. “, додаде тој, велејќи дека неговата сопруга може да „свари“ книга од 1.000 страници за само неколку часа.

Од друга страна пак, Уша истакна дека љубовта во домот е најважна.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Usha Vance🇺🇸 (@usha_vanceus)

„Верувам во Џеј-Ди и навистина го сакам, па ќе видиме што ќе се случи со нашите животи“, рече таа.

Минатото лето, кога Трамп го именуваше Венс за иден потпретседател доколку победи, истакнатиот политичар Ник Фуентес ги нападна Џеј Ди и неговата сопруга поради нејзиното потекло.

„Слушајте, мојот одговор кон овие луѓе кои ја напаѓаат мојата сопруга е следен: таа е убава, и паметна е. Каков маж би се оженил со Уша? Само многу паметен и многу среќен човек. А моето мислење е ова: слушајте, ако сакате да напаѓате, нападнете ме мене и моите ставови, мојата политика, мојата личност, појдете по мене. Но, не ја напаѓајте мојата сопруга. Таа е надвор од вашата лига“, одговори Венс.

 

 

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button