Реклама
LIFESTYLEХороскоп

Позитивна и полна со живот: Жената Стрелец е како жив оган!

Реклама

Позитивна, насмеана, полна со живот, ведра, забавна, шармантна… тоа е жената Стрелец.

ФОТО: baseformula.com

Таа обожава да води долги разговори и да дискутира на сите теми, од политика, до религија и љубов. Искрена е, независна и отворена за нови искуства, поради што лесно наоѓа пријатели и ги има многу. Неа ја фасцинираат многу работи, особено нови места. Мрази ограничувања, па затоа од своите блиски бара флексибилност, но и можност да ги менува работите како нејзе ѝ одговара.

Како и останатите огнени знаци, таа сака да апсорбира што е можно повеќе убавини од животот. Колку повеќе учи нови работи и доживува нови искуства, толку посреќна се чувствува. Нејзиниот идеализам и филозофска природа ѝ овозможуваат да размислува пошироко и рационално. Нејзината љубопитност ѝ создава постојана жед за нова возбуда, ново патување, нова авантура. Доколку сакате да ја освоите, треба да се упатите кон правецот во кој таа веќе е тргната.

Маркетинг

Мажот со кој таа ќе реши да остане долго време, е оној кој ќе ѝ остави простор да дише, но и причина да ги засади нејзините корени. Излегувајте со неа, покажете ѝ места кои ви се допаѓаат и на кои никогаш не сте биле.

Маркетинг

Кога ќе почне да ги споделува сите нејзини интереси и авантури со вас, тогаш ќе дознаете дека сте на добар пат кон освојување на нејзиното срце.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button