Жена Скорпија – мрази неискрени луѓе и не сака да биде контролирана од другите

Скорпијата е позната како отровна, а многумина со тие зборови знаат да ги опишат и личностите родени во овој хороскопски знак. А тие и навистина можат да бидат такви. Но, како и сите други знаци и тие имаат свои предности и мани.

ФОТО: thesocialman.com

Предности: храброст, искреност, интуитивност, упорност

Мани: полни со сомнеж, љубомора, понекогаш насилни

ADVERTISEMENT

И можеби ќе ви изгледа дека подобро е да ги заобиколите, но, размислете два пати! Личностите родени во овој знак се многу верни пријатели. Ако умеете да бидете отворени и искрени, нема да најдете подобри пријатели од нив. Тие, исто како и Лавовите, тежнеат да бидат во центарот на вниманието, но сепак, не уживаат во површни пријателства. Скорпијата не сака пасивни луѓе, а најмногу од се’ мрази неискреност. Тешко простуваат и може да се каже дека се вистински злопамтила. Многу сакаат искреност, отвореност, зашто и самите се такви. Го зборуваат она што го мислат, а интуицијата им е речиси генијална. Им веруваат на инстинктите и добро ги „читаат“ другите луѓе. Тие не даваат лесно комплименти, туку ако навистина имаат некои пофални зборови за некој.

Жената Скорпија е многу љубопитна по природа и секогаш тежнее да ги истражува најскриените делови од нечија душа. Таа најчесто е смирена и сака мир за сите луѓе. Физички е многу атрактивна, а она што посебно ќе ве освои е нејзиниот поглед. Таа е емотивна поглед. Едно нешто не обидувајте се кај неа – да ја контролирате!

 

Facebook Comments
(Visited 733 times, 1 visits today)