Реклама
LIFESTYLEХороскоп

Жена Јарец – интелигентна, доминатнта и дама која знае што сака во животот

Реклама

Жената Јарец може да биде многу шармантна и атрактивна. Може да ве остави без здив со само еден свој потег, но може и да биде ладна, далеку, далеку од вас и од времето во кое живее.

ФОТО: Freepik

Таа се сензуална и склона кон практични работи во животот. Неа ја води потребата до себе да го има човекот на својот живот кој упорно го бара. Честопати се случува во своите амбиции и потраги, да не е во состојба да ја препознае вистинската животна љубов. Таа има вродено чувство за правилни и праведни работи. Нејзините избори најчесто се вистинските, но љубовта е исклучок.

Нејзиниот шарм е во посстојба да помести мориња и планини, а високата позиција во општеството е нејзина цел. Во првите моменти ќе ви изгледа како да не ја интересира љубовта затоа што зазема одбранбен став.  Жената Јарец е силна личност, па во врските, без разлика дали се деловни или љубовни, настојува да доминира. Ако ја убедите дека таа е жената во која сте заљубени и со која сакате да го поминете вашиот живот, ќе прифати се’.

Маркетинг

Вистина е дека жените родени во знакот Јарец се убави, но погледнете и во нејзините очи и ќе ја видите искрената душа и вистинските чувства. Секако, ако умеете да го пронајдете патот до нејзиното срце. Не е добро да имате жена Јарец за непријател или за соперник. Таа е упорна и силна. Но, вие сте благословени ако имате Јарец за пријател, зашто тие се незаменливи и верни.

Оваа жена е и храбра и секој предизвик за неа е можност која треба да се искористи. Ако упорноста ветува добар резултат, тогаш ништо нема да ја запре. Банкарство, раководна позиција и сите работи каде што е прва и е лидер, се нејзини предизвици. Ако сакате покрај сбее да имате некој кој ќе ве бодри во своите намери, тогаш побарајте ја жената Јарец во својата близина.

Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button