„Дали сте уморни од сувата коса која едноставно безживотно виси?“
Дали имате тенка коса и сакате да ја разубавите зголемувајќи го нејзиниот волумен? Големиот волумен на косата може да направи да изгледате многу привлечно и гламурозно за излегување. Таа дава женствен и секси изглед. „Големата“ коса во вистинската прилика може да изгледа навистина прекрасно и да привлекува погледи каде и да одите.
Неколку совети за додавање волумен на вашата коса за да го добиете оној прекрасен изглед на густа коса со волумен:
· За зголемување на волуменот на вашата коса навистина е важна фризурата која ја носите, начинот на кој ви е исечена косата, и затоа можете да побарате од вашиот фризер да внесе долги степени во вашата коса. Степените се одличен начин за зголемување на волуменот на косата.
· Користете производи за косата (шампони, регенератори, маски, креми…) кои се специјално направени за да го зголемат волуменот на косата. На пазарот има многу вакви различни производи, но без разлика на производителот тие обично содржат кератин, колаген или соин лецитин.
· Ставајте пена за коса со главата наведната надолу и со рацете гмечејќи ја косата. Пената и дава поголем волумен на косата но важно е да се користи во мала количина. Премногу пена за коса ќе ја направи косата тешка и таа ќе се залепи.
· И најважно: сушете ја косата со голема округла четка и фен. Сушете ја, односно фенирајте ја косата поделена во делови почнувајќи од задната страна на главата.
НОВИ ПРАВИЛА ЗА НАГРАДАТА! |
Еднаш месечно, фризерското студио на академија AVANGARDE ќе додели на една наша читателка БОЈАДИСУВАЊЕ НА КОСАТА СО БОЈА НА ПРИРОДНА БАЗА КОЈА ЈА ХРАНИ КОСАТА И И ДАВА ПРИРОДЕН СЈАЈ. Настанот ќе биде проследен со репортажа и фотографирање, а материјалот ќе биде објавен на нашиот портал. (Ова е само во случај доколку среќната добитничка се согласува на тоа!)
Како што објавивме претходно наградата за месец март ја доби Јована Филиповиќ од Куманово. Доколку сакате да видите како изгледаше таа по бојадисувањето на нејзината коса, кликнете тука!
Наградната игра продолжува и понатаму, со мали промени во правилата.
Секој понеделник објавуваме информации поврзани со негата на коса. Сите заинтересирани читателки што ќе ги поканат своите FB пријатели чиишто имиња или презимиња започнуваат со буквата А (кликнете на share, а потоа на „испрати како порака“, изберете ги сите пријатели на А и поканете ги истите да ни се придружат) и ќе испратат своја слика на адреса info@stipka.com.mk со наслов Мој Фризер, влегуваат во потесниот круг за избор за месечната наградна игра. (Значи избраната девојка треба да има што е можно повеќе заеднички пријатели со Штипка!)
Девојките кои веќе имаат испратено свои слики учествуваат и во понатамошните кругови на наградната игра, со тоа што треба и понатаму да ги следат правилата и да ги поканат своите пријатели на А да ни се придружат …
Овој награден круг трае до 25.04.2011 година.
Отвори Тефтер, види нешто интересно!