Новости

Згодната струмичанка објави новогодишна песна – „ајде наздравје, кренете чаши“, пее Стојне Николова (видео)

Поп-фолк пејачката Стојне Николова објави новогодишна песна, а во спотот менува неколку модни комбинации со тематски празничен изглед.

Advertisement

Струмичанката Стојне Николова е суперактивна во претпразничниот период. По настапите во Охрид и во Прилеп за време на изминатиот викенд, сега ја лансираше новата песна насловена „Новогодишна“.

„Празничната магија започнува со музика. Со огромна радост ви ја претставувам мојата новогодишна песна – звук што ќе ве исполни со топлина и среќа!  Пуштете ја гласно, уживајте и споделете ја со сите што ги сакате! Нека оваа мелодија ви донесе среќа, љубов и нови почетоци“, напиша Стојне на својот фејсбук-профил.

Advertisement

Во спотот, Стојне покажува неколку празнични модни комбинации – тематско црвено џемперче со фармерки, кариран фустан во црвена и зелена нијанса и елегантно бело издание со палто и капа.

Музиката и аранжманот се на Бобан Мојсовски, а текстот на Орце Зафировски.

Advertisement

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button