Кафе муабет

Искрено писмо од една жена: Oдлучив да немам деца, за да се посветам на кариерата

Advertisement

Денес, имам 45 година и работам како успешен адвокат, имајќи го сето време да живеам онака како што мислам дека е најдобро.

sama2

Advertisement

Денес, многу родители  ги растат своите деца, го планираат нивното образование, но мојот живот не се вклопува во таквиот калап. Многу години претходно, одлучив да немам деца, за да се посветам на кариерата.

Многу жени чувствуваат природен мајчински инстинкт. Мислам дека е прекрасно, но тоа не е за мене. Јас едноставно не се вклопувам во таа приказна. Се сеќавам дека како помлада, често ми велеа дека ќе го променам мислењето кога ќе бидам повозрасна, но тоа не се смени. Мојата желба за независност и самооткривање секогаш беше поголема од желбата да станам мајка.

Колку е тешка твојата вреќа?>>>

Advertisement

Дипломирав на 22 години, а го отворив својот бизнис на 28 години. Оттогаш, работата се состоеше од многу жртви, работни викенди и празници.  Бев зафатена со барање нови клиенти, вработувања, обуки и подобрување на своите вештини. Дури и да посакав деца, невозможно беше во тој хаос.

Иако неколку пати имав можнос да се омажам, јас секогаш ја одбирав работата. Секогаш бев искрена за тоа со мажите со кои бев во врска, а дел од нив мислеа дека можат да ме предомислат, но никој не успеа во тоа.

Оваа одлука ми донесе голема финансиска слобода. Да имав деца, можеби немаше да успеам толку и немаше да имам можност да вложувам во себеси, за нештата кои ме правеа среќна.

Секогаш кога ќе се почувствувате тажно и депресивно сетете се на овие пет нешта >>

Звучи како да не размислував многу за раѓањето деца, но не е така. Тоа е одлука која ја донесов со  леснотија, но која ја преиспитував постојано. И, секогаш бев сигурна дека тоа е најдобрата одлука. Тоа е моја одлука и каква и да им изгледа на другите, таа едноставно е таква. Наместо да вложувам во семејство, јас одлучив да вложувам во себе.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button