Реклама
BEAUTYНега и здравје

Зелена глина – Лекува и дава енергија

Реклама

Со текот на времето во нашиот организам се насобираат токсини. Поради воздухот кој го дишеме, поради водата која ја пиеме, поради пестицидите кои ги содржи храната која ја консумираме.

Со годините тие се наталожуваат во нашето тело и може да предизвикаат бројни проблеми, како кожни болести, алергија и астма, депресија, мигрена, подуеност, лошо варење, хроничен умор, рак… Поради тоа, потребно е редовно да го чистите вашиот организам, а зелената глина е еден од природните лекови кој ќе ви помогне брзо и ефикасно.

Маркетинг

Како делува зелената глина

Уште не е целосно познато како делува зелената глина. Едни претпоставуваат дека таа има впијувачка моќ, па така ги апсорбира сите нечистотии од организмот, додека пак други сметаат дека глината има посебна „интелигенција“, со помош на која самата ги коригира неправилностите во организмот. Имено, глината содржи преку 60 минерали и елементи во трагови кои го хранат и го лекуваат вашиот организам. Зависно од тоа од каде е, секоја глина содржи одреден процент на различни минерали и елементи. Таа содржи селен, магнезиум, железо, калциум, фосфор, калиум, цинк, манган, бакар, силициум, натриум и други минерали и елементи во трагови. Благодарение на богатството природни нутриенти, таа има поголемо лековито делување на организмот.

Како да ја користите зелената глина за чистење на организмот

Зелената глина која смее да се консумира орално, мора да биде сертификувана за орална употреба. Пред спиење размешете полна чајна лажичка зелена глина во 2 децилитри вода (неварена, најдобро изворска). Притоа не употребувајте метална лажичка или чаша, зашто глината не смее да дојде во допир со метал. Консумирајте ја наутро после станувањето, или навечер пред спиење. По желба можете да ја земете еден час пред јадењето.

Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button