Реклама
MAMAРецепти

Солено предјадење: Здрава руска салата без салама и мајонез (Рецепт)

Реклама

Нема празници без руска салата, но има руска салата без салама и мајонез! Еве како да ја подготвите.

Потребни состојки (за 4 лица):

  • 200 грама моркови
  • 200 грама грашок
  • 200 грама кисели краставички
  • 5 варени белки
  • 5 цели јајца
  • 100 грама компири
  • 50 грама павлака
  • 50 грама јогурт со 3,2% масленост
  • 1 лимон
  • Сол по желба
  • Бибер по желба

Потребни состојки: Измиениот, неизлупен зеленчук сварете го во благо солена вода и брзо изладете го. Јајцата сварете ги тврдо и изладете ги. Од нив отстранете ги жолчките, а белките исечкајте ги на коцкички со големина на зрно грашок. Излупете го зеленчукот и исечкајте го на коцкички, а истото направете го и со киселите краставички. Во еден сад измешајте ги зеленчукот, јајцата, киселите краставички и грашокот. Сето тоа заедно зачинете го со сол, бибер и сок од лимон. Салатата прелијте ја со јогурт и павлака и оставете ја во фриждиер добро да се олади. По желба додајте ги и жолчките од јајцата, исечкани на коцкички.

Маркетинг

Поврзано

Back to top button