Нега и здравје

Како да се храните по четириесеттите?

Advertisement

Секоја возраст бара внесување на одредени хранливи материи во поголеми количини, а кога станува збор за возрасната групата што ја преминала магичната граница на четириесетитте, одличен избор за нив се на пример боровинките, сливите, грозјето, ленот и сусамот.

Advertisement

По прославувањето на четириесетиот роденден на некои процеси во вашето тело треба да им се посвети поголемо внимание, а најмногу треба да внимавате во организмот да внесувате храна која што ќе ви ги обезбеди сите потребни хртанливи материи и антиоксиданси за да може подобро да функционира.

Од овие причини, приориет треба да ви биде храната во виолетова боја како модри патлиџани, боровинки, сливи, грозје и цвекло. Тие се полни со антиоксиданси, особено со антоцијанин кој што ги намалува воспалителните процеси за повеќе од една четвртина.

Покрај ова, задолжителен дел од исхраната треба да ви бидат и семките од лен и сусам, кои исто така спаѓаат меѓу најсилните антиоксиданси. Додавајте ги мелените семки во житарки, јогурт или во разни варени јадења и вашето тело ќе ви биде благодарно.

Advertisement

За да не ве совлада гладта, ви препорачуваме секогаш при рака да имате бадеми, бидејќи во четириесеттите паѓа нивото на лептин, хормонот на ситост, па затоа не е ни чудо што токму во овие години луѓето почнуваат да добиваат вишок килограми. Затоа, кога ќе почувствувате глад, земете пола шолја бадеми и чувството за глад ќе исчезне.

Извор: kurir-infor.rs

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button