Преубавите здолништа со А-крој повторно се ИН и тие се вратија на голема врата најмногу благодарение на дизајнерот Nicolas Ghesquière и неговата есенска колекција за Louis Vuitton.
Louis Vuitton – есен/зима 2014-2015
Со нијанса и шмек од 60-те години на минатиот век, овие здолниште повеќе одговараат за девојки кои го преферираат елегантниот и класичен изглед, отколку средношколскиот look, со што оваа сезона ќе имаат значајно место во женските плакари. Еве, погледнете ги моделите кои ќе ве внесат во приказната со трендовите, и притоа ќе можете да ги комбинирате со најразлични парчиња и да ги носите во милион комбинации. Што се однесува до стилот, во галеријата (види ТУКА) ќе најдете од сé по нешто – од жолтите модели од волна, па се до кожените модели со патенти, како и оние што се со принт…
отвори галерија » |
И секако, во галеријата ќе сретнете и модели со миди должина, затоа што сепак должината е најважна, особено кога станува збор за деловни комбинации или пак за тоа какви обувки планирате да носите.
Како да носиме кратко здолниште со А-крој
Како што веќе рековме, главниот збор кога се трендовите од модните писти во прашање за оваа сезона беа здолништата со А-крој од Louis Vuitton. Креациите на Николас се движат од мини до миди должина, комбинирани со едноставни топови и стејтмент накит со што моделите најдобро би можеле да ги опишеме со францсускиот израз je ne sais quoi (I know not what).
Само неколку недели по шоуто, Софија Копола се појави во таквиот Vuitton – look на канскиот филмски фестивал, но нам повеќе ни се допадна комбинацијата на Мирослава Дума со која што се прошета по улиците на париската модна недела. Ова беше доволно да се започне новата урбана приказна во која сега имате прилика и самите да учествувате.
По ова секако дека продавниците почнаа да ги подготвуваат своите резерви, но колу повеќе избор имаме толку поголема конфузија може да настане. Па доколку сакате да го позајмите стилот од најдобрите, тогаш носете ги со блуза, кошула или маица, во комбинација со еднставен накит и интересна фризура.
Рокот е новиот шик!
Saint Laurent – есен/зима 2014-2015
Здолништата со А-крој во ретро стил позајмен од 60-те (но само во нова мини варијанта), од есенски колекции на брендовите имаа една заедничка страна, а тоа дека сите потсетуваат на рокерскиот стил. Ова важи особено за моделите кои се направени од кожа. Но, доколку ги комбинирате со хулахопки кои не се проѕирни, високи чизми, црна ролка и кожено палто, ќе добиете шик look кој можете да го носите како за дневна, така и за вечерна варијанта.
Од горе, лево: Petite Leather Ponte Biker Jacket, £249, Marks and Spencer; Ines Cashmere Blend Polo Neck Sweater, £19.90, Uniqlo; Warehouse Leather A-Line Skirt, £60, John Lewis; Tala Patent Leather Boot, £325, L.K.Bennett; Flat Bar and Chain Tassle Cross Body Bag, £25, ASOS
Врзете се!
Louis Vuitton – есен/зима 2014-2015
Доколку сакате да изгледате како девојките од модните писти тогаш НЕ заборавајте дека ременот е задолжителен. Носете го врзан малку поинаку од класичниот начин. Ставете го врз блуза или кошула од шифон, со што дополнително ќе го нагласите струкот, и додадете некоја интересна обетка.
Од горе, лево: Comme des Garçons Play red heart jumper, £203, Hervia; Margot boots, £75, Topshop; Geomettric earrings, £9.99, Zara; Dolce & Gabbana Stretch-wool crepe mini skirt, £380, Net-a-Porter; ‘Tie the Knot’ leather belt, £410, Louis Vuitton
Бизнис девојка!
Felder Felder – есен/зима 2014-2015
Ставете ја кошулата (откопчана, но НЕ и проѕирна!) во здолништето и voilà! – еве го вашиот нов деловен look. Комбинирајте со шпицасти салонки и едноставна ланче (или две) за да ја заокружите комбинацијата.
Од горе, лево: Alexa semi sheer blouse, £120, Reiss; Baja precious necklace, £750, Monica Vinader; Rally Mini Pony Bag, £328, AllSaints; Croc effect slippers, £39.99, Mango; Patent short skirt, £25.99, Zara
види повеќе » |
Извор. Тelegraph.co.uk, Elle.com, Штипка