Реклама
Коса

Сè што треба да знаете за здрава, сјајна коса

Реклама

„За да имате убава фризура најважно е правилно да се грижите за вашата коса, но за жал луѓето често не успеваат правилно да ја негуваат и да ја одржуваат хигиената на својата коса.“

Маркетинг

Обидувајќи се постојано да ги следиме трендовите често се случува прекумерно да ја третираме нашата коса со разни хемикалии, пегли за исправање на косата, силни фенови, отстранувајќи ги природните масла од косата. За да имаме здава коса потребно е правилно да ја чешламе, миеме и кондиционираме нашата коса за да можеме сами да го постигнеме изгледот „како од фризерски салон“ кој сите го посакуваме. За да ги ублажите штетните ефекти од обликувањето на различни фризури секогаш користете квалитетни шампони и регенератори, соодветни за вашата коса, кои ќе ја зајакнат и хранат вашата коса и не заборавајте ја соодветната правилна исхрана.

 

Маркетинг
  За нега на сувата коса    

По природа сувата коса има недостаток на себум. Лишена од природната заштита, кутикулата ослабува од надворешните влијанија. Влакното станува пропустливо и поради испарувањето ја губи влажноста и станува суво одвнатре. Косата изгледа груба, сува, безживотна, тешка за третирање. Производите за нега и хранење на косата богати со есенцијални масни киселини и микроелементи ја обновуваат заштитата на влакното што ја спречува загубата на влажноста, косата добива мекост и сјај без да се оптеретува.

alt

  За обнова на оштетена или прекумерно третирана коса  

Оштетената коса станува груба, порозна, кршлива, тешка за отплеткување и чешлање … оштетената коса е најосетлива. Без разлика на причините за оштетувањето, веќе не е доволно само хранење на косата, потребен е длабински третман за преструктурирање. Производите за кондиционирање на косата ја подобруваат текстурата и површинската структура на оштетената коса и овозможуваат таа повторно да стане мека и сјајна.

alt

  За заштита на бојата на косата  

Не може да имаме убава боја без да имаме убава и здрава коса. Колку е поздрава косата, толку подобро ги задржува пигментите на боја и толку е позаштитена, одолева на оштетувања од надворешни извори. Без специфична нега, бојата на коса неизбежно ќе избледи. Бојадисаните/ шатираните прамени стануваат безживотни и дури и можат да добијат неубави тонови. Производите за заштита на бојадисана коса ја продолжуваат јачината, сјајот, длабочината на бојата и ја одржуваат убавината на косата постојано ревитализирајќи го влакното и обезбедувајќи постојана заштита.

alt

 За спречување на опаѓање на косата  

Стресот, уморот, депресијата, промените на температурата, бременоста, операциите, или пак прекумерниот себум може да предизвикаат опаѓање на косата ослабувајќи го метаболизмот и предизвикувајќи дегенерација на клетките. Сепак, најчесто главната причина за загуба на косата е хормонална. Тестостерон + ензимот 5-алфа-редуктаза = пократок циклус на раст на косата. Оваа андрогенетска ќелавост може да се јави кај жените во педесетите години или кај мажите од адолесценцијата па понатаму. Производите против опаѓање на косата се наменети за справување со главните дисфункции одговорни за постојаното или повремено паѓање на косата, вклучувајќи го и она што е поврзано со хормоните.

alt

 За отстранување на првутот и чешањето   

Првутот е резултат на видливо, силно опаѓање на мртви клетки од кожата на главата. Предизвикано е од забрзаната обнова на епидермисот. Наместо да се одвива во 28 дена колку што е просекот, овој процес трае околу 14 денови. Првутот често предизвикува чешање и нелагодност. Производите за коса против првут го успоруваат циклусот на регенерација на клетките, го отстрануваат сувиот или масниот перут, и истовремено ја прочистуваат кожата на главата и го смируваат чешањето.

alt

 За регулирање на прекумерниот себум       

Себореата е резултат на прекумерното лачење на себум, што генерално се должи на хормонална нерамнотежа. Вишокот на масло предизвикува иритација на кожата на главата и проблеми поради неестетскиот изглед. Дури и тукушто измиената коса може да изгледа ненегувана, тешка, безживотна, залепена, со масен сјај. Не можеме да ја прикриеме со никаква фризура. Производите за мрсна коса за регулација на себумот брзо го нормализираат нивото на излачување на себум и ги отстрануваат секундарните ефекти од него.

alt

 Негата на косата почнува одвнатре – со храната      

Покрај протеините, кои ги градат влакната на косата, потребни ни се и витамини, како и храна богата со состојки кои во биохемиските процеси во организмот ги врзуваат слободните радикали како на пр. јагодите, рибизлите, боровинките, како и зелениот чај. Корисни се и сирењата бидејќи се богати со аминокиселини кои ја градат протеинската структура на косата. Избегнувајте ја солената храна и шеќерот, доколку можете целосно исфрлете ги од исхраната. Треба да пиете млеко, да јадете јајца, риба, зелен зеленчук, овошје (посебно дињи) и житарици поради состојките кои ги содржат а кои го спречуваат опаѓањето на косата (протеини, калциум, јод, витамини А, Б, Е и Ц). Минералите исто така се неопходно потребни за здрава коса. Пореметувањата кои се резултат на недостаток на одредени минерали доведуваат до опаѓање на косата или нејзино прерано обелување. Затоа, навалете на мешункасти растенија, лешници, свежо овошје и зеленчук, кефир, јогурт и козјо млеко… И секако за на крај – ако не пушите, покрај подобро здравје, ќе имате и коса што убаво мириса!

 За наградата! :))   

 

Академијата Avangarde е главниот „виновник“ за овие совети кои се објавуваат секој понеделник во рубриката Стил, убавина и здравје (Модерна) на нашиот портал. Доколку сте заинтересирани да бидете дел од луѓето кои се „од спротивната страна на фризерското столче“, тогаш слободно пријавете се во оваа академијата каде ќе ве обучуваат специјални едукатори кои се во постојан тек со светските модни трендови. 

Еднаш месечно, фризерското студио на оваа престижна академија ќе додели на една наша читателка ПОТСТРИЖУВАЊЕ И ФАРБАЊЕ СО БОЈА НА ПРИРОДНА БАЗА, БОЈА КОЈА ЈА ХРАНИ КОСАТА И И ДАВА ПРИРОДЕН СЈАЈ. Настанот ќе биде проследен со репортажа и фотографирање, а материјалот ќе биде објавен на нашиот портал. (Ова е само во случај доколку среќната добитничка се согласува на тоа!)

Сите заинтересирани читателки кои што ќе испратат своја слика на адреса info@stipka.com.mk со наслов Мој Фризер, влегуваат во потесниот круг за избор за месечната наградна игра. Единствениот услов е тие да бидат фанови на нашата страна на Facebook и редовно да ги споделуват овие текстови со своите ФБ пријатели.

НЕ ЗАБОРАВАЈТЕ: Сите оние девојки кои што почесто ќе ги лајкуваат и останатите наши текстови, без разлика дали тоа ќе го направат на порталот или на нашата Facebook страница, имаат многу поголеми шанси да ја добијат наградата. Всушност тие со тоа ги освојуваат нашите симпатии, па и ние ќе ургираме кај редакцијата кога ќе дојде време да се одбере една од нив.:))

Затоа ајде закачувајте лајкови на Штипка и забавувајте се со нас заедно! По пат можеби ќе „закачите“ и некоја награда!

Отвори Тефтер, види нешто интересно!

alt

Поврзано

Back to top button