Тешко кој може да му одолее на феноменот сончање, но во последно време бројките во врска со негативните последици од сончањето се фрапантни.
Според светските здравствени институции, во светот енорно се зголемува бројот на заболени од рак на кожата, особено од смртоносниот меланом. Па така во последните десет години околу 3 милиона заболуваат од рак во текот на годината, од кои 132.000 од меланом. Овие последици се можни дури и кога кожата нема да изгори од силното сонце и токму затоа во многу случаи оваа болест се открива доцна, кога веќе метастазира, односно кога е неизлечива.
Е сега, дали сонцето е главниот виновник за ова или не, зборува фактот дека во 90 отсто од случаевите оваа болест се јавува на површината на кожата која редовно била изложена на сонце.
ЗНАЦИ НА БОЛЕСТА
Кај мажите најчесто ракот се појавува на грбот, додека кај понежниот пол на нозете. На поголем ризик за вакво заболување се изложени оние со генетска предодреденост како на пример посветол и црвенокосиот тен, или пак, кај оние кои често се изложени на ренгенското зрачење. ајважно е да се открие болеста во рана фаза, па затоа потребно е самите да ја гледаме кожата и да внимаваме дали на неа се појавуваат младежи или пак, дали има некаква промена на веќе постоечките, како и тоа дали на телото имаме некој нов израсток.
Особено треба да се внимава доколку забележиме дека нашите младежи ја менуваат бојата или пак, доколку се појавуваат некои ранички кои тешко зараснуваат на кожата.
ПРЕВЕНЦИЈА
Превенцијата од секогаш бил најголем непријател на болеста, а најголем пријател на човекот. Па така, во врска со оваа болест, најдобро е што помалце да се изложуваме на сонце, оособено по 10 часот наутро, а доколку веќе сме на одмор и седиме на плажа, тогаш потребно е да се заштитиме со облека од сонцето или да го намачкаме телото со креми со висок фактор на заштита. Стручните лица советуваат дека ништо под фактор 20 не е доволно за заштита од сонцето, особено не од ова што ни се случува деновиве. Потоа потребно е да се носи капа, која што би ни го заштитила лицето од сонцето, а секако пожелни се и очилата за сонце.
Што се однесува до нас, би ве посоветувале во најтоплите летни денови да одите на некоја планина на одмор, каде што има дрвја, вода, сенки.. и каде што температурите се значително пониски. Водните површини и преубавите плажи оставете ги за оние месеци кога сонцето надвор не е толку опасно – крајот на април, мај, септември, почеток на октомври…