Заслужни штипјани добија признанија Свети Никола – орденот припадна на фудбалскиот репрезентативец (фото)
Непосредно пред големиот празник, патронот на Штип, Св. Никола, Општина Штип ги награди најзаслужните сограѓани.
Орденот Свети Никола, оваа година припадна на штипјанецот Бојан Миовски – фудбалски репрезентативец и член на фудбалскиот клуб Џирона од Шпанија.
Добитници на признанието 19 Декември се:
– Компанијата „КТМ Енерџи Солушн“ ДОО, за нивната хуманост како општествено одговорна компанија.
– д-р Александар Митевски, хирург, кој со својата работа остава траен белег во македонското здравство.
– Територијалната противпожарна единица Штип – професионалци во својата работа, кои пожртвувано се борат со природните непогоди.
– Одбојкарскиот клуб УГД Штип – освојувачи на Купот на Македонија во одбојка за 2024 година.
„Сакам да им честитам на добитникот на орденот и добитниците на признанијата Свети Никола и да им се заблагодарам за нивната работа, посветеност и за придонесот кој го даваат секој во својата дејност, со цел нашиот град да биде претставен во вистинско светло“, изјави градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов.