Реклама
Култура[тор]

Започнува филмскиот фестивал „МакеДокс“

Реклама

Во сабота, на 15 јуни, со проекцијата на филмот „Скопје 63“,во чест на 50 годишнината од скопскиот земјотрес , со проекцијата на Оскаровскиот филм „Барајќи го Шугармен“, започнува фестивалот на креативен документарен филм „Македокс“.

makedox1

Маркетинг

Проекцијата на филмовите ќе биде поделена во 4 програмски целини – Главна програма, нови автори, балкански документарци, краткометражни документарни филмови.

Интернационалните документарни филмови и оваа година ќе не прошетаат низ светот и ќе ни ги доближат емотивните стории на главните ликови. Додека филмовите кои ни раскажуваат приказни од Словенија, Македонија, Хрватска, Албанија, Швајцарија, Финска, Египет, Бразил, Судан, Италија, итн…ќе бидат распределени во четирите главни програми.

makedox3

Маркетинг

Годинава, фестивалот ќе ни пружи можност да видиме и четири македонски документарци, филмови на Игор Иванов–Изи, Синиша Ефтимов, Кирил Шентевски, Петра Селишкар и Бранд Ферро.

Поделени во четири натпреварувачки категории, документарните филмови ќе бидат оценети и наградени од различни жириа. Официјални награди на МакеДокс се: 

Кромид- за најдобар филм во меѓународната натпреварувачка програма. 

Млад кромид- за најдобар филм на нов автор (прв или втор филм). 

Кокарче- за најдобар филм за деца и млади.

Награда за филм за најдобри Етички идеи. 

Фестивалот ќе се оддржи во „Куршумли Ан“ и „МКЦ“. Новитет за оваа година се репризите на филмовите кои ќе бидат прикажани во Младински Културен Центар (МКЦ).

makedox2

Годинешното издание го нарековме детоксикациско затоа што документарецот, како и кромидот, нè прочистува од токсините, било на културен или виртуелен план, ни предизвикува солзи и ни отвора врати од други светови што сами којзнае дали и кога би ги отвориле“, изјавуваат организаторите на МакеДокс. 

Љубителите на докуметарните филмови ќе имаат можност да бидат дел од дискусиите под смоква организирани за време на фестивалските денови, секој ден во 18.00ч. 

После завршувањето на фестивалот, ќе следи патување низ Македонија, при што некои од филмовите ќе бидат прикажани и во другите градови. Како што велат организаторите: „ Со нашето Патувачко кино повторно ќе се обидеме да ги децентрализираме културните случувања и да им донесеме одредена културна доза и на останатите места.“

makedox4

Дискусии под смоква

И оваа година, како и претходните, организаторите на фестивалот одвоија простор за „дискусија под смоква“, за интернационалните гости на фестивалот. Луѓето кои работат и творат долги години во областа на документарниот филм, пак ќе ги споделат со сите заинтересирани,  тајните зад нивната успешност. Како што велат луѓето од организацијата, ова е „единствена можност да ги запознаете овие луѓе кои ги раскажуваат приказните кои никого не оставаат рамнодушен. Секој ден за време на фестивалот, со почеток во 18ч присуствувајте на дискусиите под смоква, во Куршумли ан и зграпчите делче од искуството на овие луѓе“.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button