Заборавете на манекенската градба – телото на оваа жена сега и официјално е прогласено за најубаво тело на светот!
Еве што велат научниците за совршените пропорции
Научниците од Универзитетот во Тексас востановија како би требало да изгледа едно совршено женско тело. Според анализа на висината, тежината, должината на косата и обликот на лицето тие дошле до заклучокот дека совршени се оние жени кои имаат кое килце повеќе.
Научниците од студентите од двата пола барале да пополнат прашалник и да се изјаснат за идеалните пропорции на женското тело, но и да се обидат прецизно да ги нацртаат истите. Според она што го одговориле и нацртале совршена жена би требало да изгледа како што изгледа познатата британска старлета и манекенка Кели Брук, за која авторите на студијата кажаа дека е потполно природна и научно совршена. Таа е една од ретките познати жени која никогаш не направила пластична операција, туку е потполно природна.
Кели одамна важи за една од најубавите жени на светот, а сега доби и потврда за тоа и од научниците и од нивното истражување. Пропорциите на нејзиното тело се 86-61-86, што значи дека мерите кои важат за идеални (90-60-90) всушност и не се баш најидеални.
Па, дали ви се допаѓа телото на оваа девојка?