Реклама
MAMAКафе муабет

И дома може да биде интересно: Креативни начини за боење јајца со вашите деца

Реклама

Боењето јајца со вашите деца може да биде одлична активност додека сте затворени дома. Создајте една мала и убава традиција со вашите деца и отидете чекор понапред од купените бои и едноставното лепење на различни налепници за јајца. Направете го боењето позабавно и тоа со помош на овие начини кои веруваме дека вашите деца ќе ги обожаваат, затоа што се едноставни, весели и креативни.

ФОТО: Printscreen

Боење јајца со шеќер и темперни бои

Децата ги обожаваат темперните бои, а ниту пак играњето со шеќер не им е непознато. Обојте ги јајцата во омилената боја со темперните бои, а потоа не дозволувајте им да се исушат, туку веднаш извалкајте ги во сад во кој имате ставено шеќер и шарени трошки за колачиња.

Јајца од цртаните филмови

Децата обожаваат цртани филмови, а доколку успеете да направите јајце со некој нивен омилен лик, веруваме дека ќе ги направите пресреќни! Размислете за ликот на нинџа желките, спајдермен, Мики маус… Тука можете да користите и водени боици, но и фломастери.

Маркетинг

Емотикони јајца

Најмалите не знаат што се емотиконите, но оние поголемите деца добро разбираат што е смајло. Кога тргнуваат во училиште многу брзо почнуваат да велат ЛОЛ или РОФЛ, па на тоа како родители можете само да реагирате со ОМГ, па зар веќе?! Ако имате деца кои посетуваат училиште, на јајцата можете да нацртате различни емотикони. Обојте ги во жолта боја и нацртајте различни изрази… Дефинитивно ќе ви биде забавно!

Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button