Реклама
MAMAКафе муабет

За мојата сестра: Ти благодарам што ме научи што е вредно во животот

Реклама

Да се има сестра е едно од најубавите работи кои семејството може да ги направи. Сестрата е пријател кој никогаш нема да чека да дојде зад вашиот грб и да ве повреди, туку ќе биде тука во секој момент, да ви подаде рака или заедно да се смеете на она што сте го направиле.

ФОТО: Freepik

За мојата сестра, ти благодарам што постоиш. Покрај тебе научив дека најважното нешто во животот е да имаш поддршка и тогаш кога мислиш дека светот ти се руши над глава. Ти благодарам за сите моменти и за сите спомени кои ми ги подари. Без тебе јас не ќе бев она што сум денес. Без тебе немаше да станам личност која знае што сака во животот. Ти ме научи што е вредно во животот и дека секогаш треба да се бориме ако сакаме да постигнеме нешто.

Ти благодарам што ми помогна да израснам во личност која неуморно ја бара љубовта. Твоите совети и твојата топлина која секојдневно ја чувствувам покрај мене, направија да ја разликувам вистинската љубов од онаа лицемерната.

Маркетинг

Ти благодарам за сите денови кога се каравме и кога упорно ми даваше до знаење дека не треба да им верувам на сите. Ги паметам сите оние моменти кога се обидуваше да ме „извадиш“ од проблемите, а јас упорно тонев и тонев, но на крај сфатив дека твојата рака е многу повредна од лажните насмевки околу мене.

Му благодарам на Бог за секој нов миг и за секој нов ден што ми го подарува со тебе. Ти си мојот најголем подарок кој ништо на светов не може да го замени!

Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button