После дождот, доаѓа сонце – Еве какви температури не чекаат во август и септември
Според временската прогноза температурите би требало да се движат околу триесет степени, а сонцето е тука и сигурно ќе си остане се до крајот на следниот месец, а најверојатно ќе биде тука и до крајот на септември.
Полека но сигурно се приближуваме кон крајот на месец јули, период кој заедно со почетокот на август преставува најдобар период за годишен одмор. Но сега за сега топлите денови многу често знаат да завршат со обилни дождови, што би можело да преставува проблем за оние кои сакаат да заминат на одмор. Но, ова не треба да не загрижува премногу. Според познатиот сервис за временска прогноза AccuWeather прогнозата за август (па и септември) е на страната на сите оние кои сакаат да уживаат во топло лето. Според нивната проценка не чека долго лето со по некое кратко „невременце“ (кое според мапата би требало да се случи некаде околу 26, 27 и 28 август и кое служи за да ја разбие летната монотонија).
Температурите ќе се движат од 30 степени, па се до 33 степен, а најтопло ќе биде во периодот што следува од следната недела, со максимални температури околу 1 август и следните две недели. Што се однесува до септември и овој месец ќе биде изразито топол, со неколку дождливи денови кои ќе бидат слични на температурите од овој месец.
Температурите ќе се движат околу 30 степен во првите две недели, со постепено опаѓање кон 20 –степен при крајот на септември и почетокот на октомври.