Реклама
Култура[тор]

Воен филм: Jarhead

Реклама

Да се потсетиме на филмот кој што беше најавуван како “Full Metal Jacket” за ирачката генерација.

Да, “Jarhead” беше бомбастично најавуван како нова филмска икона за американските маринци од 21 век, но на жалост не ја погоди метата ниту приближно. Зошто? Па едноставно затоа што единствената разлика помеѓу гореспомената класика на Stanley Kubrick и оваа на Sam Mendes e само во амбиентот во кој се снимени сцените и актерите кои ги портретираат ликовите. Сé друго што останало од намерата на творецот на „Aмериканска убавина“ да направи циничен антивоен филм е скоро буквална copy paste метода на пресликување.

Маркетинг

Плагијаторството оди до таму што дури некои од карактерите се како превземени од “Full Metal Jacket”, методите на комуницирање и начинот на изразување потполно ист. Но, важната разлика е во тоа што филмот нема поткрепена индивидуална сторија на главните карактери која што ќе биде хуманистичкиот дел кој што ќе се поврзе со обичните конзументи на филмот.

alt

Маркетинг

Во филмот зборот ’fuck‘ се употребува точно 278 пати, а 38 во комбинација со зборот ’mother‘, што можеби според некои критериуми, може да биде гаранција за квалитет. Уште една позитивна страна на гледање на работите може да биде и тоа што во него глумат манекенски средените Jake Gyllenhaal и Jamie Foxx, па припадничките на понежниот пол (а и оние од посилниот кои повеќе поштуваат…) навистина ќе уживаат во гладијаторски извајаните тела на овие секс симболи.

{youtube}qvxWLrl_aQQ{/youtube}

Закачете Like, споделете текст и освојте некоја од нашите вредни награди.
За повеќе информации разглeдајте го Shopping Magazine кој оди од сега и на Facebook!

Врати се на првата страна.

Поврзано

Back to top button