Реклама
LIFESTYLEХороскоп

Водолии – оригинални и неповторливи, нема личност која не ги обожава

Реклама

Личностите родени во хороскопскиот знак Водолија се духовити, полни со шарм и интересен дух.

ФОТО: unsplash.com

За нив важи тоа дека се најдобри љубовници, пријатели но и партнери. Секогаш се спремни за акција и во нивно друштво никогаш не ви е досадно. Затоа, речиси и не постои личност која не ги обожава.

Водолиите се оригинални, неповторливи, уникатни. Личности чијашто имагинација ги преминува границите, а со нив ни е забавно, затоа што може да не’ одведат во свет којшто не го познаваме, во светот на фантазијата каде што и Петар Пан би останал засекогаш дете. Сериозни се само во оние моменти кога треба да дадат вистински, искрен и пријателски совет. Тогаш се многу објективни. Сакаат еднаквост и правда. По малку се чудни, па затоа другите може и да не ги сфатат.

Маркетинг

Нивниот интелект ги воодушевува сите оние кои се наоѓаат во конверзација со нив. Тие може да започант забава, а со нив секогаш би било добро да бидете во друштво. Ако им го освоите срцето, тие ќе направат се’ за да ве направат среќни.

За своите сакани Водолијата се жртвува до крај. Во пријатлелите најчесто бара креативност, интелект и почит. Кога станува збор за семејните очекувања, тие не се нешто помали. Иако имаат чувство на должност кон роднините, тие нема да создаваат блиски врски доколку не бидат исполнети нивните стандарди и очекувања.

Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button