Реклама
LIFESTYLEХороскоп

Откријте нешто што до сега не сте го знаеле: Во што е брилијантен вашиот хороскопски знак?

Реклама

Како и на сите други аспекти, така ѕвездите влијаат и на креативните способности кои може да се имаат во помала или поголема мера. Во продолжение проверете нешто што можеби никогаш не сте го откриле за себе…

Овен

Доминантната планета Марс влијае на уметничките активности, духовниот живот и природната агресивност на Овните кои се импулсивни, нестрпливи, агресивни и раздразливи. Во поезијата му недостига лирика и таинственост, додека во сликарството брзо го смислува она што го сака. Овнот е типичен владеачки знак.

Бик

Венера е вашата доминантна платена и тесно е поврзана со убавината, што е карактеристична за вашиот хороскопски знак. Се смета дека припѓате на земјениот знак, но и дека меѓу вас има големи уметници. Врзани сте за реалноста и се сметате за еден од најдобрите чувари во Зодијакот. Како уметници, вие секогаш се врзувате за позитивната страна на животот.

Маркетинг

Близнаци

Бидејќи вие сте уметнички знак, надарени сте со хумуристичен дух, а се занимавате и со современи работи: Политика, случувања во светот, социјалната состојба… Родени сте за работа во медиуми, но имате и талент за пишување. Карактеристично за вас е тоа што вашите омилени теми може да бидат внатрешна борба, потреба за компромис или донесување некои одлуки.

Рак

Вашиот знак е полн со чувствителност и романтика. Исто така вие сте познати и како личност која многу е поврзана со семејството и децата, бидејќи сте особено плашливи и несигурни. Ако сте писател, значењето на бракот ќе го опишете во вашиот најдобар роман, а истото ќе биде присутно и доколку сте сликар.

Маркетинг

Лав

Не сакате некој да биде над вас, затоа што сакате само вие да убидете успешни. Честопати ги пропуштате своите шанси, имате многу желби, но не ја изразувате многу својата креативност. Вие сте приврзаник за литературата, но исто така и за актерството, па не е ни чудно што многу актерски ѕвезди се родени токму во овој хороскопски знак.

Девица

Вашите планови честопати се однапред договорени, а времето ви е целосно пополнето и правилно искористено. Но, тоа не ве спречува да создавате современи уметнички дела, а на прв поглед сте несфатени. Вие сте деталисти и перфекционисти и тоа ви се манифестира на различен начин. Честопати сте и критички настроени и барате идеални работи.

Вага

Вие сте идеалисти и заљубени во правдата и вистината. Имате добар стил на изразување и умеете сите работи да ги претворите во нешто убаво. Тешко се одлучувате и немате доволно енергија да го креирате она што сте го замислиле. Не сте доволно амбициозни, а може да се каже дека и честопати сте мрзеливи.

Скорпија

Вие сте личност која честопати е несфатена. Возбудливо ги доживувате сите работи, па сте склони кон откривање нови хоризознти, длабоки и мрачни, за другите несфатливи. Понекогаш имате и мрачни идеи, па би можеле да бидете добри и како филмски режисери.

Стрелец

Вие никогаш не сте мрзливи, туку напротив, секогаш сте полни со енергија која понекогаш не ја контролирате и може да ве одведе далеку. Имате доволно сила и чест да ги остварите своите големи соништа, а идеални би биле како некој голем уметник.

Јарец

Вие сте конзервативни и рационални, опседнати со мрачни и паранормални идеи. Вие можете да бидете и многу сериозни, зрели, длабоки, реални и конкретни. Можете напорно да работите, па од тоа да добиете плод кој ќе ги задоволи вашите стандарди.

Водолија

Вие сте уметнички знак кој честопати е несфатен од околината. Имате големи визии и сакате високо-интелигентни остварувања. Водолиите се многу хумани личности кои секогаш се грижат за другите, а понекогаш и премногу.

Риби

Рибите се личности кои честопати фантазираат и имаат поинакви идеи од другите. Нивните дела се полни со топлина, длабока љубов и убавина, а честопати знаат да направат шега и на своја сметка. Обожаваат мистични работи, а најчесто сакаат да потонат во својот свет на фантазијата…

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button