Во Македонија повеќето се немажи на годината, а Мони Дамевски вели – ме прелажаа да станам директор на „Браќа Манаки“
Последното издание на „Нешто конкретно“ донесе машки гости, а темата беше како се станува Маж на годината, таква манифестација има во Македонија, па Снеже се обиде да ги пронајде квалификациите кои треба да ги има Мажот на годината.
Гости на Снеже ѝ беа актерот и директор на „Браќа Манаки“ – Мони Дамевски, поранешниот кошаркар, а сега директор на компанија за осигурување Ѓорѓе Војновиќ, готвачот Филип Поповски и идејниот творец на манифестацијата Мажи на годината – Марко Костадиновски.
Првиот предизвик на кој одговорија гостите беше: Која храна, кој пијалак, кој автомобил и која жена би биле?
Готвачот Филип „од прва“ одговори дека е бифтек, а како бифтек се гледа и Војновиќ. Интересен беше изборот на жени, готвачот Фичо ако би бил жена, би бил Моника Белучи – за сите да го сакаат.
Мони Дамевски ја одбра Маргарет Тачер – би сакал да биде силна жена која може да промени нешто во светот.
Марко пак, одбра да биде неговата сопруга, водителката на утринската на МТВ, Јована Костадиновска.
А Војновиќ се мислеше меѓу првата жена која професионално се трка со автомобили Даница Патрик или сопругата Маја.
Од автомобилите Филип се гледа како „порше“, Мони е „масерати“ или „лотус“, Марко е „ферари“, а Вијновиќ одбира погабартни возила, па вели дека е некој џип.
Разговорот понатаму течеше во однос на нивните позиции и нивното однесување со тимовите и луѓето со кои работат.
Мони изјави дека го прелажале да стане директор на Манаки укажувајќи му дека не е воопшто тешко да се организаира таков фестивал, ама доцна видел дека влегол во „длабокото“.
Војновиќ призна дека бил голем малер во кошарката, а и знае дека ако си лидер вината секогаш паѓа на тебе, па вели – „кога победува тимот, тоа е заедничка победа, ама кога губи тимот, тој што промашил е виновен“.
Готвачот Филип пак, е горд на себе што одлучил да остане во Македонија и тука да гради кариера, наместо да оди во странство каде би бил само работник и ништо друго.
Во епизодава откријте и што никако не ставаат во уста од храна гостите, дали еден е Манаки или сите сме Манаки и кој е нај немаж на годината.
А слушнете и кои се најлошите одлуки кои ги донеле гостите, а испаднало дека се најдобри.