Ако и вие како нас ги сакате малите магични зрнца од чиа тогаш сигурно знаете колку се едноставни за користење.
Најслатки се кога ги користите во облик на пудинг, без разлика дали се сами или во комбинација со некое овошје. Овој пат ви препорачуваме да користите боровинки и да уживате во супер здрав и освежителен пудинг/пијалак.
Овој пудинг од чиа всушност се прави многу лесно. Ако сакате погусто, во облик на пудинг, додадете повеќе од семето, а ако сакате да се разладите со сдаток пијалак од боровинки, ставете помалку. И тоа е тоа! Без многу филозофија, а полно со здравје.
Потребно
1 лажичка свежи боровинки
1 лажичка млеко од бадеми
½ лажичка овесни снегулки
2 лажичка шеќер од кокос
2 лажички семе од чиа
Подготовка
Сите состојки измешајте и оставете кратко да отстојат!
На здравје!