Реклама
Рецепти

Вкусно пилешко во сос од портокал

Реклама

Доколку сакате  ја зачините кујната со малку кинески шмек, тогаш ова е идеален рецепт за вас.

Маркетинг

Веруваме дека ќе бидете воодушевени од вкусот, а и од едноставниот начин на подготовка. Потребни ви се само 25 минути!

Начин на подготовка

Исечете го на тенки парчиња пилешкиот стек, посолете го со вегета или некој сличен зачин, и по десетина минути премачкајте го со сенф. Дали ќе употребите пилешки гради или друго пилешко месо, изборот е на вас.

Маркетинг

Во длабока тава загрејте масло и малку путер и препржете го пилешкото од двете страни околу 8 минути. Потоа извадете го местото и во истата тава додајте уште малку путер, сок од 2 портокали, кафеав шеќер и еден исецкан портокал. Промешајте ги состојките и оставете да проврие. Кога ќе проврие, зачинете по желба и вратете го пилешкото месо во сосот.

За прилог најдобро е да се послужи басмати ориз.

 Потребни состојки:

пилешко месо
3 портокали
1 лажичка кафеав шеќер
маслиново масло
путер
сенф

Пријатен апетит.

Следи ги рецептите на Facebook » {JFBCLike url=http://facebook.com/stipka layout=button_count show_faces=true width=50 action=like font=verdana colorscheme=light float=right text-align=right}

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button