Важи за најолема дама во Британија, а и на 73 години носи сандали за стриптизети!
Хелен Мирен обожава високи потпетици
Но за разлика од своите колешки кои на црвениот килим избираат елегантни салонки или сандали, 71 годишната актерка најмногу сака чевли со екстремно високи потпетици и со платформа, како оние што ги носат стриптизетите додека се вртат околу шипките во ноќните клубови.
И покрај тоа што овие фетиш високи потпетици ретко кој би ги носел надвор од спалната соба, а камоли во комбинации со свечени фустани и доделување на филмски награди, но очигледно дека Хелен Мирен воопшто не се грижи што ќе пишуваат за неа модните критичари.
„Секогаш носам чевли за стриптизети бидејќи прилично е застрашувачки да се најдете во иста просторија со преубави жени кои во најмала рака се за една глава повисоки од мене“, изјави во една пригода Хелен за „Woman & Home”.
Тоа не е прв пат како актерката која е висока 163 сантиметри јавно да зборува за своите омилени обувки. Таа и во 2010 година му се „исповеда“ на Џеј Лено во неговото телевизиско шоу дека своите стриптизерски обувки ги купува на „Hollywood Boulevard“ – популарна туристичка дестинација во Лос Анџелес која преку ноќ се претвора во легло за проститутки.
Кортни Студен во слични високи потпетици …
„Ме чинеа 38 долари! Експресно ми додаваат 18 сантиметри“, изјави таа во разговорот со Лено кога ја праша за чевлите. Таа во интервјуто за Woman & Home” исто така додаде и дека сега своите омилени обувки може да ги пронајде на кое било место када и да се наоѓа.
„Порано ги купував во секс шопови, но сега можат да се купат секаде, иако тоа значи дека не сум единствената која го открила овој трик“ – изјави британската актерка која токму во вакви чевли се појави на премиерата на филмот „Red 2″ во Лос Анџелес во 2013 година.
Таа тогаш со фустанот во смарагдна зелена боја носеше гломазни чевли со проѕирна платформа кои вешто ги криеше под фустанот се додека не одлучи на фотографите да им ја открие својата мала тајна како одеднаш толку многу пораснала.